Остварена средба во Општина Берово

24.12.2020

   Директорот на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија г-дин Нехри Емрула и г-дин Дарко Ангелков од Одделението за енергетска ефикасност на Агенцијата, на  24 декември 2020 година,  со Градоначалникот на Општина Берово г-дин Звонко Пекевски и енергетскиот тим на општината, остварија успешна работна средба на која се разгледуваше Програмата за енергетска ефикасност на Општина Берово. На работната средба беше констатирано дека  досегашната реализација на Програмата за енергетска ефикасност на Општина Берово согласно Акциските планови на Општина Берово се за пофалба, а исто така на Градоначалникот г-дин Звонко Пекевски му беа врачени и решенија за упис во Регистарот на електроцентрали кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори на енргија за три објекти, од кои две училишта и една прочистителна станица.

Анкети

AНКЕТА ЗА КВАЛИТЕТ НА УСЛУГИТЕ

Врз основа на имплементација на стандард ИСО 9001:2008, систем за управување со квалитет, потребно е да го пополните прашалникот.

Институции