31.05.2022
Во организација на ProCredit Bank Macedonia во Скопје се одржа форумот „Наше сонце, наша енергија, наши инвестиции“ на која присуствуваше директорот на Агенција за Енергетика / Energy Agency.
Овој фирум беше одлична прилика за дискусија на претставниците на државните институции со претставниците на бизнис заедницата за постапките и предизвиците во процесот на инвестирање во фотоволтаични централи за продажба на електрична енергија.
Со создавање на поволна бизнис клима за градење на соларни фотоволтаични централи се стремиме прво кон дисперзија на изворите и обезбедување на континуирано снабдување со енергија и второ кон ублажување на климатските промени што настанале заради зголемена потрошувачка на енергија и заштита на животната средина.
Анкети
Врз основа на имплементација на стандард ИСО 9001:2008, систем за управување со квалитет, потребно е да го пополните прашалникот.
Институции