ЕСКО

„ЕСКО“ е трговско друштво, трговец поединец или друго правно лице што обезбедува енергетски услуги или други мерки заради подобрување на енергетската ефикасност кај своите корисници и кое прифаќа извесен степен на финансиски ризик при извршување на работите, а плаќањето за услугите е целосно или делумно засновано на постигнатото подобрување на енергетската ефикасност или постигнување на други договорени критериуми.

Агенцијата, по претходна согласност од Министерството, објавува упатство со насоки во врска со договорите на енергетските услуги, постапките и документите за подготовка и отпочнување на постапка за избор на ЕСКО од страна на лицата од јавниот сектор, а особено од страна на единиците на локалната самоуправа, насоки во врска со изработката на физибилити и слични студии за јавно приватно партнерство. Агенцијата го објавува упатството на својата веб страница.

Доколку Агенцијата дојде до информации дека операторите на системите за дистрибуција или снабдувачите со електрична или топлинска енергија и природен гас или давателите на енергетски услуги го попречуваат нудењето или вршењето на енергетските услуги или било кои други мерки за подобрување на енергетската ефикасност пропишани согласно овој закон и прописите донесени согласно овој закон, или го попречуваат развојот на пазарот за енергетските услуги, вклучувајќи затворање на пазарот за конкурентите или злоупотреба на доминантната позиција во спротивност со одредбите на применливите прописи за заштита на конкуренцијата, доставува известување до Комисијата за заштита на конкуренцијата.

  1. Список на даватели на енергетски услуги
  2. Модели на договори за снабдување и стандардни одредби
  3. Контакт
  4. Информации и обуки за енергетска ефикасност

Институции