ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

1.ПРОГРАМИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА:

Прашалници:
Прашалник за улично осветлување (во прилог)

Анкета за згради:

Анкета за згради (во прилог)

Општински програми-обрасци:

Темплејти за општински програми и акциони планови – обрасци:

Образец за трогодишна општинска програма (во прилог)

Образец за едногодишен акционен план (во прилог)

Образец за пре физибилити студија за јавно осветлување (во прилог)

 

2.МЕРКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ

Зградите кои се во сопственост и се користат од страна на лицата од јавниот сектор на државно ниво мораат да ги исполнуваат минималните барања за енергетски карактеристики на згради пропишани согласно овој закон и прописите донесени согласно Законот за енергетска ефикасност.

Лицата од јавниот сектор се должни да ја следат и да управуваат со потрошувачката на енергија во зградите или градежните единици во коишто ја вршат дејноста на начин на кој се остварува заштеда на енергија, како и да ги спроведуваат пропишаните мерки за подобрување на енергетската ефикасност за кои се одговорни согласно НАПEE, програмите и годишните планови.

Единиците на локалната самоуправа исто така се должни да ја следат и да управуваат со потрошувачката на енергија во јавното осветлување на начин на кој се остварува заштеда на енергија.

Со цел исполнување на обврските, Агенцијата го воспоставува и одржува Информацискиот систем.