ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ КАЈ ГОЛЕМИ ТРГОВЦИ

1. ОБВРСКИ НА ГОЛЕМИ КАЈ ГОЛЕМИ ТРГОВЦИ

Обврски на големите трговци за задолжителна енергетска контрола пропишани со Законот за енергетска ефикасност:

Сите големи трговци се должни да спроведуваат енергетска контрола на секои четири години, согласно одредбите на Законот за енергетска ефикасност и Правилникот за енергетска контрола на големите трговци.

Со задолжителните енергетски контроли на големите трговци се обезбедува:

  • процена и исплатливост на можностите за намалување на потрошувачката на енергија во зградите, придружните (помошните) постројките, опремата и индустриските процеси;
  • утврдување на остварените заштеди како резултат од примената на мерките за подобрување на енергетската ефикасност и заштедата на енергија; и
  • намалување на емисиите на штетни материи во околината.

Енергетската контрола ја вршат:

  • надворешни овластени енергетски контролори на големите трговци, врз основа на договор помеѓу големиот трговец и носителот на лиценца за вршење на енергетска контрола на големите трговци; или
  • овластени енергетски контролори на големите трговци, кои се вработени во големиот трговец.

Големите трговци немаат обврска да спроведуваат енергетска контрола доколку:

  • имаат спроведено систем за управување со енергија или управување со животната средина сертифициран од акредитирано тело за оцена на сообразност согласно Законот за акредитација, кој е во согласност со соодветните европски или меѓународни (ISO) стандарди, под услов системот на управување да вклучува енергетска контрола која ги исполнува поблиските барања пропишани со Правилникот за енергетска контрола на големите трговци; или
  • енергетската контрола се спроведува како дел од систем за управување со животната средина во рамките на интегрирана еколошка дозвола издадена во согласност со прописите од областа на заштитата на животната средина, доколку енергетската контрола ги исполнува поблиските барања пропишани со Правилникот за енергетска контрола на големите трговци.

Големите трговци, во рок од 30 дена од денот на спроведување на енергетската контрола се должни да го достават извештајот од спроведената енергетска контрола до Агенција, заедно со податоците кои се користени при изработка на извештајот.

Во случаите кога немаат обврска да спроведуваат енергетска, големите трговци се должни до Агенцијата да го достават соодветниот сертификат, интегрираната еколошка дозвола и друга документација со која се потврдува дека воспоставениот систем ги исполнува барањата за енергетска контрола пропишани со Правилникот за енергетска контрола на големите трговци, во рок од 30 дена од издавањето на соодветниот сертификат или интегрирана еколошка дозвола.

Доколку се исполнети барањата пропишани согласно Правилникот за енергетска контрола на големите трговци, Агенцијата во рок од 30 дена од денот на приемот на соодветната документација, издава потврда за исполнување на обврската на големите трговци од овој член.

Агенцијата води евиденција за доставени извештаи за спроведена енергетска контрола, како и за издадените потврди.

 

2. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА КОНТОЛА КАЈ ГОЛЕМИТЕ ТРГОВЦИ

Агенцијата врши годишна контрола на спроведените енергетски контроли на големите трговци, по случаен избор и согласно начелата на транспарентност и недискриминација, преку проверка на статистички значаен и репрезентативен примерок од сите извршени енергетски контроли на големите трговци. За оваа намена, Агенцијата може да ангажира соодветно квалификуван надворешен експерт или правно лице.

Ако Агенцијата, врз основа на контролата, утврди дека енергетската контрола не е спроведена во согласност со Правилникот за енергетска контрола на големите трговци, поднесува барање за поведување на прекршочна постапка согласно одредбите од Законот за енергетска ефикасност.

 

3. ОБУКИ НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ КОНТРОЛОРИ НА ГОЛЕМИТЕ ТРГОВЦИ

Агенцијата, најмалку еднаш на три години, објавува повик за избор на правни лица за спроведување на обуки за енергетски контролори на големите трговци, како и за усовршување на енергетските контролори на големите трговци.

Агенцијата донесува решение за избор на правно лице за спроведување на обука и усовршување на енергетски контролори на големите трговци, доколку правното лице поднесе барање и доказ за исполнување на поблиските услови во врска со потребната опрема, просториите и кадарот пропишани согласно Правилникот за енергетски контроли на големите трговци. Решението за избор е со важност од три години.

Агенцијата ги изготвува и донесува програмите за обука и усовршување на енергетските контролори на големите трговци најдоцна до 31 октомври во годината во која се врши избор на правни лица за спроведување на обуки. Програмите се објавуваат на веб страницата на Агенцијата.
Агенцијата води евиденција на избраните правни лица за спроведување на обука и усовршување на енергетски контролори на големите трговци и истата ја објавува на својата веб страница.

Правните лица се должни да ги спроведуваат обуката и усовршувањето на енергетски контролори согласно Правилникот за енергетски контроли на големите трговци и Програмата за обука и програмата за усовршување на енергетските контролори на големите трговци.

Агенцијата врши контрола на квалитетот на спроведувањето на обуките и усовршувањето на енергетски контроли и доколку утврди неправилности или непочитување на одредбите на овој закон или Правилникот за енергетска контрола на големите трговци, може да донесе решение со кое се укинува решението за избор на правно лице за организирање обука на енергетски контролори на големите трговци.

Против решението на Агенцијата за укинување на решението за избор може да се поведе управен спор.

 

4. ПОТВРДА ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ОБВРСКАТА НА ГОЛЕМИТЕ ТРГОВЦИ

 

5. НОСИТЕЛИ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА КОНТРОЛА КАЈ ГОЛЕМИТЕ ТРГОВЦИ

Со лиценца за вршење на енергетска контрола на големите трговци може да се стекне трговец поединец или правно лице кое има вработено најмалку едно лице кое има овластување за енергетски контролор на големите трговци. Лиценцата се издава врз основа на поднесено барање до Министерството за економија, кон кое се приложува документ за регистрирана дејност и доказ за вработен овластен енергетски контролор.

Носителот на лиценца е должен, најдоцна до 31 јануари во тековната година, да достави до Агенцијата годишен извештај за спроведените енергетски контроли во претходната календарска година, кон кој ги приложува сите поединечни извештаи за извршените енергетски контроли за извештајниoт период.

Агенцијата, врз основа на овие годишните извештаи, подготвува годишен извештај во врска со спроведените енергетски контроли на големите трговци во текот на претходната календарска година и истиот го доставува до Министерството најдоцна до 31 март во тековната година.