Еко дизајн на производи претставува интеграција на барањата за заштита на животната средина во дизајнот на производите што користат енергија, со цел подобрување на перформансите кои влијаат на животната средина, во текот на целиот негов животен век.
Владата, на предлог на Министерството, донесува уредба со која се пропишуваат постапките, генеричките и специфичните барања за еко дизајнот, внатрешната контрола и системите за оцена на сообразност, поблиските барања кои треба да ги исполнат трговците, снабдувачите и увозниците на производи што користат енергија во врска со еко дизајнот, како и динамиката и роковите за примената на барањата за еко дизајн на производите што користат енергија.
Снабдувачите и трговците со производи што користат енергија се должни да увезуваат, ставаат во промет и/или ставаат во употреба исклучиво производи што користат енергија или имаат влијание на потрошувачката на енергија кои: