ЗА АГЕНЦИЈАТА

МИСИЈА

Мисија на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија е да го поддржува спроведувањето на енергетската политика на Владата на Република Северна Македонија преку учество во подготовка на енергетски стратегии, развојни планови и програми, прибирање и обработка на податоци и подготовка на извештаи, поттикнување на воведување на мерки за  енергетската ефикасност и создавање на услови за зголемено користење на обновливи извори на енергија за производство на електрична енергија.

ВИЗИЈА

Агенцијата за енергетика претендира да стане  централна национална институција за следење и анализирање  на ефектите од енергетската политика на Владата на Република Северна Македонија како и од спроведените мерки за енергетска ефикасност и степенот на искористување на обновливите иовори на енергија во однос на превземените обврски од енергетската заедница.

ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТИКА

Закон за енергетика (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 96/2018 и 96/2019), Правилникот за обновливи извори на енергија (Службен весник на Република Северна Македонија бр.112/2019), како и предлог за Законот за енергетска ефикасност, ја утврдуваат позицијата и улогата на Агенцијата за енергетика во оперативно спроведување на националните стратегии и акциони планови во областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија:

  • поддршка во изготвувањето на Стратегијата за развој на енергетиката и спроведување на истата,
  • учество во изготвувањето на националните акциони планови за енергетска ефикасност,
  • следење на спроведувањето на мерките и активностите од акционите планови за енергетска ефикасност и постигнување на индикативните цели како и изработка на годишни извештаи ,
  • издавање на задолжително мислење на општинските програми за енергетска ефикасност и изработка на извештај,
  • прибирање и обработка на податоци за спроведување на акциониот план за енергетска ефикасност,
  • изработка на годишни извештаи за извршени енергетски контроли,
  • следење на спроведувањето на упатството за примена на мерките за енергетска ефикасност во процесот на јавни набавки односно следење на неговата примена,
  • избор на правни лица за обука и полагање на испит за енергетски контролори, учество во организирање на обуките, изработка на програми за обука и учество во подготовка на испитни прашања,
  • поддршка во изготвувањето и спроведувањето на стратегијата за обновливи извори на енергија,
  • издавање на одобренија за мерење на потенцијалот на ветерна енергија,
  • упис во регистер на постројки за производство на електрична енергија кои користат обновливи извори на енергија и издавање на потврда за утврдување на исполнувањето на условите и инсталираната моќност на постројките за обновливи извори на енергија при стекнување на статус на повластен производител,
  • следење на политиките за спроведување на енергетски аудит и процесот на сертифицирање на енергетските карактеристики на згради преку водење на регистри, мониторинг и контрола на активностите.
  • Спроведување на странските донаторските проекти поврзани со енергетската ефикасност односно обновливите извори на енергија,
  • Подготовката на предлози за измени и допонување на законски и подзаконски акти, технички прописи и стандарди.

Институции