Сања Божиновска е првата Министерка за енергетика, рударство и минерални суровини во Владата на Република Северна Македонија, од јуни 2024 година.
Дипломирала на факултетот за Бизнис администрација на англо-американскиот универзитет во Прага, а завршила магистратура по меѓународен бизнис на Универзитетот во Гронинген, Холандија.
Во текот на нејзиното формално образование, пренесено од група на силни имиња од светот на економијата, Божиновска се стекнала со силна основа во принципите за планирање и практицирање менаџмент и бизнис. Благодарение на силната академска основа, Божиновска е опремена со длабоко разбирање на глобалната деловна динамика, што е од суштинско значење за нејзината работа во енергетскиот сектор.
Со повеќе од две децении искуство во енергетската индустрија, Сања Божиновска е прагматичен лидер со докажано искуство во сферата на управување со енергетски ресурси, одржливи енергетски реформи и прекугранична соработка во Европа и пошироко.
© 2024. Сите права се задржани