Соопштение

07.04.2020

Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија, ги известуваме сите посетители на веб страницата на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија дека Владата на Република Северна Македонија објави нова централна веб-страница за сите официјални информации поврзани со справувањето со коронавирусот на којашто ќе се објавуваат мерките, препораките и вестите од институциите.

Адресата на новата владина „Коронавирус МК” веб-страница е koronavirus.gov.mk, на која граѓаните ќе можат да се информираат за сите апели, совети, препораки и забрани со цел спречување на ширењето на вирусот, како и за медицински насоки во случај да почувствуваат симптоми, но и како да обезбедат психолошка поддршка во време на самоизолација.

Анкети

AНКЕТА ЗА КВАЛИТЕТ НА УСЛУГИТЕ

Врз основа на имплементација на стандард ИСО 9001:2008, систем за управување со квалитет, потребно е да го пополните прашалникот.

Институции