април 17, 2025

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потсетува дека уште неколку дена е отворен Јавниот оглас за финансиска поддршка за електрична енергија за ранливи потрошувачи – мерка со која се обезбедуваат 1.000 денари месечно, директно насочени кон намалување на сметките за струја.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите засегнати страни дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина како и по Нацрт-Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај 2025 година.
Собраниската Комисија за европски прашања го прифати Предлогот на новиот Закон за енергетика во прво читање, со што започнува важен процес на усогласување на македонското законодавство со европската регулатива во областа на енергетиката.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, активно се вклучи во регионалната иницијатива Women on Boards Adria (WOBA), насочена кон јакнење на женското лидерство на највисоките управувачки нивоа – во управни одбори, извршни совети и клучни институции. Како амбасадорка на WOBA за Македонија, Божиновска учествуваше на работен состанок со останатите амбасадорки од регионот, каде во фокус беа практични чекори за поголема застапеност на жени во одлучувањето