Фондови за финансирање и поддршка во енергетскиот сектор – средба Божиновска со преставници на Светска банка

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, предводено од министерката Сања Божиновска, одржа работна средба со претставници на Светската банка, со цел разгледување на можностите за финансирање и соработка во областа на енергетската ефикасност.

На состанокот се дискутираше за потенцијалните фондови од Светската банка, кои би биле наменети за поддршка на енергетските реформи, транзицијата кон обновливи извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност во земјата.

На состанокот беа разгледани можностите за унапредување на процесот за создавање на Фондот за енергетска ефикасност како и негова операционализација во најкус можен рок. Од страна на СБ беа презентирани искуства од земјите во регионот. Фондот ќе има клучна улога во финансирањето и спроведувањето на проекти за енергетска ефикасност, придонесувајќи кон намалување на потрошувачката на енергија и заштита на животната средина. Се разговараше и за делот од проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор-Public Sector Energy Efficiency Project (PSEEP) во компонента 3 кој е наменет за поддршка на оваа активност во Македонија.

На состанокот беа и дискутирани можности за соработка во полето на енергетиката каде што Светска Банка може значително да придонесе за подобрување на целиот процес.

Министерството останува посветено на имплементација на реформите во енергетиката и во таа насока продолжуваме со активна соработка со СБ се со цел пронаоѓање на решенија за подобрување на енергетскиот сектор на РМ.

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Статии во категорија

Огромен интерес за македонската делегација на XII Global Baku Forum – присуството на македонската делегација, официјалните и неформалните средби на претседателката Гордана Силјановска-Давкова и министерката Сања Божиновска со актуелни и поранешни светски лидери предизвикаа внимание од медиумите и меѓународните институции. Претседателката и министерката учествуваат на престижниот меѓународен самит, каде што на истата маса со сегашни […]

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Баку беше пречекана од својот колега, министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов, во рамки на официјалната посета посветена на унапредување на енергетската соработка меѓу двете земји. На тет-а-тет средбата, која се одржа во Министерството за енергетика на Азербејџан, беше истакната заедничката заложба за зајакнување […]

Во Прага се одржа Заедничкиот состанок за економска соработка помеѓу Република Македонија и Република Чешка, на која се договорени чекори за продлабочување на билатералната соработка во повеќе сектори. Македонската делегација беше предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, која активно се залага за зајакнување на економските врски со Чешка и […]

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со претставници од Министерството, делегација од ЕСМ и македонски новинарски екипи, оствари посета на термоелектраната Тушимице во Чешка. Оваа термоелектрана, лоцирана во близина на градот Кадан, е една од најголемите во земјата и има инсталиран капацитет од 800 MW, со четири генерациски единици од по […]