Средба на министерката Божиновска со директорот на Европскиот секретаријат за енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, во рамките на климатскиот самит во Баку, Азербејџан, денес оствари средба со претставници на Секретаријатот на Енергетската заедница, како и билатерална средба со директорот на Европскиот секретаријат за енергетика, Артур Лорковски.

Средбата беше фокусирана на теми од стратешко значење за регионот, меѓу кои напредокот на земјите во областа на енергетиката и заштитата на животната средина, интеграцијата на пазарите за природен гас, како и поддршката за транзиција кон зелена енергија.

Господинот Лорковски ја нагласи посветеноста на Енергетската заедница за унапредување на енергетската соработка и поддршка на регионот во спроведувањето на политики за поставување цена на емисиите на јаглерод, што претставува клучен чекор во насока на енергетска интеграција со Европската унија. Воедно, оваа иницијатива е значаен дел од Европскиот зелен договор, кој се имплементира со цел да се обезбеди долгорочна енергетска безбедност и одржливост во регионот.

Министерката Божиновска изрази поддршка за заедничките иницијативи и истакна дека нашата земја останува силно посветена на приспособување на националните енергетски политики кон европските стандарди, со цел да се поттикне економски раст и да се зачува природната средина за идните генерации.

„Ние остануваме активен партнер на Енергетската заедница и посветени сме на постигнување на заедничките цели во енергетската транзиција.“ истакна министерката Божиновска, подвлекувајќи дека нашата земја ги вложува сите напори за промените да бидат правовремени и ефективни.

Министерката Божиновска го информираше директорот дека предлог Законот за енергетика е поставен на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) и сите може да се запознаат со содржината на предлог текстот. Директорот Лорковски изрази задоволство и најави дека тој и неговиот тим ќе го разгледаат предлог законот и ќе дадат нивни предлози, а со цел законот да е усогласен со ЕУ легислативата.

Претставниците на двете институции се согласија за важноста на инклузивноста и соработката меѓу сите засегнати страни во регионот за поуспешно и побрзо спроведување на клучните реформи во енергетиката.

Статии во категорија

Почитувани, Во прилог се проследува на разгледување предлог текст на Енергетскиот биланс на Република Северна Македонија за 2025 година.Јавната расправа по Енергетскиот биланс ќе се одржи во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на 10 јануари 2025 година, во 11часот. Среќни Новогодишни и Божиќни празници! Линк: https://www.ea.gov.mk/wp-content/uploads/2024/12/2025-EB-final-za-javna-rasprava.pdf

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност (,,Службен весник на Република Северна Македонија” број.147 од 15.7.2024) член 29 став 1 од истиот, кој гласи:  ,,Лиценците односно овластувањата за вршење на енергетски контролори издадени пред влегувањето во сила на овој закон важат до 31 март […]

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој се зајакнува врската меѓу образованието, науката и индустријата во областа на енергетиката и новите технологии. Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања […]

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова. На средбата беа отворени повеќе теми од заеднички интерес, со фокус на енергетската ефикасност, соработката меѓу Министерството и Универзитетот и можностите за поддршка на младите кадри.  Ректорката Ангелова ја […]