Средба Божиновска – Пјат: Македонија со подадена рака од САД успешно ќе чекори кон зелената транзиција  

Во рамките на работната посета на САД, Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Вашингтон оствари средба со Џефри Рос Пјат, Помошник државен секретар на САД за енергетски ресурси. На средбата, министерката, заедно со вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџети, разговараа околу националните стратешки енергетски цели, зелената транзиција и потребата од инвестиции во гасификацијата и обновливи извори на енергија. 

-Една од стратешките цели на Владата е во наредниот период да ја намали увозната зависност на земјава од електрична енергија. Зелената транзиција и декарбонизацијата се меѓу приоритетите во наредниот период, а од клучен интерес е брз старт со реализација на проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори кои ќе бидат додадена вредност за електроенергетскиот систем. Ја прилагодуваме и законската регулатива согласно строгите ЕУ директиви, која ќе ни биде своевиден патоказ според кој ќе се движиме во иднина – истакна Божиновска на средбата со Пјат.

Владините претставници, со високиот претставник на САД, разменија мислења во врска со  активностите кои во наредниот  период ќе се реализираат во сегментот гасификација. Со оглед што целосниот процес, како и изградбата на интерконтектори со соседните земји е еден од приоритетите, се разгледуваа и можностите за евентуалното  приклучување на земјава кон постојните гасоводи во регионот. Со приклучок кон Трансанадолискиот гасовод(ТАНАП) и кон Трансјадранскиот гасовод(ТАП), Македонија значително би ја зајакнала својата енергетска безбедност и иднина, со оглед дека иднината кон енергетската транзиција е токму замена на јагленот, со гасните коридори.  

Во наредниот период, САД остануваат силни стратешки партнери на земјава кон зелената транзиција.

Статии во категорија

Почитувани, Во прилог се проследува на разгледување предлог текст на Енергетскиот биланс на Република Северна Македонија за 2025 година.Јавната расправа по Енергетскиот биланс ќе се одржи во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на 10 јануари 2025 година, во 11часот. Среќни Новогодишни и Божиќни празници! Линк: https://www.ea.gov.mk/wp-content/uploads/2024/12/2025-EB-final-za-javna-rasprava.pdf

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност (,,Службен весник на Република Северна Македонија” број.147 од 15.7.2024) член 29 став 1 од истиот, кој гласи:  ,,Лиценците односно овластувањата за вршење на енергетски контролори издадени пред влегувањето во сила на овој закон важат до 31 март […]

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој се зајакнува врската меѓу образованието, науката и индустријата во областа на енергетиката и новите технологии. Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања […]

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова. На средбата беа отворени повеќе теми од заеднички интерес, со фокус на енергетската ефикасност, соработката меѓу Министерството и Универзитетот и можностите за поддршка на младите кадри.  Ректорката Ангелова ја […]