Соработка во енергетиката: Министерката Божиновска се сретна со амбасадорот на Казахстан

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со амбасадорот на Република Казахстан Н.Е. Сатибалди Буршаков. На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на билатералната соработка во енергетскиот сектор, со посебен акцент на обновливите извори на енергија и инфраструктурните проекти.

Министерката Божиновска ја истакна важноста од зајакнување на енергетската независност на земјата преку диверзификација на изворите на енергија и инвестирање во одржливи проекти. Таа изрази подготвеност за соработка со Казахстан во размена на искуства и технологии кои ќе придонесат за економскиот развој на двете земји.

Амбасадорот Буршаков ја нагласи заинтересираноста на Казахстан за соработка во енергетската област, истакнувајќи ги успесите на неговата земја во развојот на обновливите извори на енергија и модернизацијата на енергетската инфраструктура.

Двајцата соговорници се согласија дека соработка и размената на експертиза помеѓу земјите придонесува за подобрување на енергетскиот сектор во целина.

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Статии во категорија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи категории домаќинства во 2025 година.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека, според најновите податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „Енергија“ во март 2025 година бележи значителен раст од 13.8% во однос на истиот месец претходната година.
По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, упатуваме искрена честитка до сите работници во енергетскиот сектор – од рудниците, преку електраните, до мрежите за пренос и дистрибуција на енергија.
По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем.