„Во тек е пријавувањето за финансиска поддршка од 1.000 денари месечно за електрична енергија – рок до 19 април“
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потсетува дека е во тек Јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година, наменета за граѓаните што спаѓаат во категоријата на ранливи потрошувачи на енергија.
Финансиската поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија изнесува 1.000 денари месечно и се одобрува за период од 12 месеци, почнувајќи од денот на поднесување на барањето. Пријавувањето трае 30 дена од денот на објавување на огласот (до 19 април), па ги повикуваме сите граѓани кои ги исполнуваат условите да аплицираат навремено и да не ја пропуштат оваа можност за намалување на трошоците за електрична енергија.
Право на поддршка имаат:
Оние што веќе примаат паричен додаток за енергенси или финансиска поддршка за стари лица не се опфатени со оваа мерка.
Барањето за финансиска поддршка се поднесува со пополнет образец (Образец 1 или 2) и придружна документација. Обрасците се достапни во архивата на Министерството и на веб-страницата: www.ea.gov.mk.
Со барањето е потребно да се достават следните документи:
За дополнителни информации и прашања, граѓаните може да се обратат на: ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk
Министерството уште еднаш ги повикува сите кои ги исполнуваат условите да ја искористат оваа можност и да аплицираат навремено.
Со почит,
Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини
© 2024. Сите права се задржани