Работилница – Енергетска ефикасност на згради

На 26 февруари 2025 година во периодот од 10:00 до 13:00 часот во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во организација на Секторот за енергетска ефикасност се одржа работилница на тема „Енергетска ефикасност на згради“. Работилницата беше водена од експерти за енергетска ефикасност од Институтот „Fraunhofer“ со седиште во Штутгарт, Германија.

На работилницата беа претставени важните аспекти за прецизно пресметување на енергетската ефикасност на зградите, со фокус на:

  • Методологија за енергетската ефикасност на зградите
  • Студија за оптимални трошоци
  • Дефиниција на референтни згради и дефиниција на енергетска ефикасност во согласност со енергетските карактеристики на згради
  • Софтвер за енергетски карактеристики на згради (сертификати за енергетски карактеристики на згради )

Работилницата беше поддржана од страна на Германската банка за развој KfW.

На работилницата беа поканети и присуствуваа претставници на техничките факултети, невладиниот сектор, граѓанските здруженија од областа на енергетиката, од приватниот сектор и претставници од Германската банка за развој KfW.

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Статии во категорија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи категории домаќинства во 2025 година.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека, според најновите податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „Енергија“ во март 2025 година бележи значителен раст од 13.8% во однос на истиот месец претходната година.
По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, упатуваме искрена честитка до сите работници во енергетскиот сектор – од рудниците, преку електраните, до мрежите за пренос и дистрибуција на енергија.
По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем.