Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потсетува дека уште неколку дена е отворен Јавниот оглас за финансиска поддршка за електрична енергија за ранливи потрошувачи – мерка со која се обезбедуваат 1.000 денари месечно, директно насочени кон намалување на сметките за струја.
Поддршката се доделува за период од 12 месеци, сметајќи од денот на поднесување на барањето, а рокот за аплицирање е до 19 април. Граѓаните кои ги исполнуваат критериумите се охрабруваат да аплицираат навреме и да не ја пропуштат оваа можност да си ги намалат трошоците за електрична енергија во текот на цела година.
Право на поддршка имаат:
Барањето се поднесува со пополнет образец (Образец 1 или 2), достапен во архивата на Министерството и на веб-страницата: www.ea.gov.mk, придружено со следната документација:
За дополнителни прашања и информации, граѓаните може да се обратат на:
ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk и на веб-страницата: www.ea.gov.mk
Министерството ги повикува сите што ги исполнуваат условите – искористете ја можноста додека рокот не истече.
Со почит,
Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини
© 2024. Сите права се задржани