Посета на Министерката Божиновска во Вашингтон, САД и средбата со Александар Касанов.

Mинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини  Сања Божиновска во рамките на работната  посета на Вашингтон, на 9 септември 2024 година, оствари средба со Александар Касанов, заменик-помошник државен секретар на САД за Западен Балкан.  

На средбата во Стејт Департмент на која присуствуваше и вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити беа разменети мислења за актуелните состојби во Македонија, со акцент на состојбите во доментот на енергетиката и заложбите на Владата на Македонија за зголемување на обемот на инвестиции кои се очекува значително да ја забрзаат енергетската транзиција на земјата. 

Една од клучните теми на состанокот во Вашингтон  беше и борбата против корупцијата. Божиновска нагласи дека се затекнати состојби од новата Влада кои допрва треба да бидат предмет на истрага на домашните институции. 

„Потребна е целосна поддршка, воспоставување на ефикасна соработка и помош на САД како наш стратешки партнер  во борбата со корупцијата, особено во делот на енергетиката.  Само со конкретни и решителни чекори  како предуслов за целосно анулирање на криминалот, Македонија  ќе  се избори  за енергетска безбедност и стабилен електроенергетскиот систем“ рече Божиновска, на средбата со Касанов.       

Божиновска  заедно со Меџити ја нагласија посветеноста на Владата за подорбување на животниот стандард на граѓаните, како и решителноста за драстично зголемување на инвестицииите во инфаструктурата и   и образованието.  

Касанов изразил силна американска поддршка за Западен Балкан и ја повторил нивната посветеност да помогнат на патот кон членството во ЕУ.

Статии во категорија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи категории домаќинства во 2025 година.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека, според најновите податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „Енергија“ во март 2025 година бележи значителен раст од 13.8% во однос на истиот месец претходната година.
По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, упатуваме искрена честитка до сите работници во енергетскиот сектор – од рудниците, преку електраните, до мрежите за пренос и дистрибуција на енергија.
По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем.