Обезбедени средства за изградба на фотоволтаичната електроцентрала Битола 2 иветерниот парк „Богданци“

АД ЕСМ преку поволен кредит од германската КфВ банка почнува нов инвестициски циклус во обновливи извори на енергија. Станува збор за изградба на фотоволтаичната електроцентрала Битола 2 и реализацијата на втората фаза од изградбата на ветерниот парк „Богданци“. 

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, го поздрави потпишувањето и истакна дека проектот за проширување на ветерниот парк „Богданци“ е дел од националната стратегија за зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори.

На потпишувањето присуствуваше заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини, Мирослав Лабудовиќ. 

„Реализацијата на двата зафати дополнително ќе го збогати портфолиото за обновливи извори на Македонија, ќе придонесе за дополнителна стабилност на енергетскиот систем и ќе влијае на намалување на зависноста од увоз на електрична  енергија. Овие инвестиции ќе имаат и социо-економски придобивки затоа што ќе отворат нови таканаречени зелени работни места“ рече Лабудовиќ.

Средствата за овие два значајни проекти, во износ од 55 милиони евра, се обезбедени преку заем со државна гаранција потпишана од Министерството за финансии, по исклучително поволни услови, со рок на отплата од 15 години и вклучен грејс-период од 5 години.

„Како Влада ја препознаваме потребата од зголемување на производството на зелена енергија и во таа насока е издадената гаранција за реализација на овој Договор, а воедно со тоа и за обезбедување на потребните средства за финансирање на проектот за Ветерниот парк Богданци – фаза 2 и Фотонапонска електрана Битола 2. Владата има сериозен пристап и ќе ги вложи сите напори да се реализираат проектите кои ќе имаат додадена вредност за економијата“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека тој инвестициски циклус е поддржан и со висок износ на планирани капитални инвестиции во Буџетот за 2025 година.

„Ми претставува вистинско задоволство што АД ЕСМ по долго време повторно влегува во еден сериозен и динамичен инвестициски циклус. Продолжуваме да го трасираме патот кон одржливо енергетско сценарио преку реализација на нови проекти од обновливи извори. Со средства од нашиот партнер,  АД ЕСМ, веќе реализираше значајни зафати, а во наредниот период продолжуваме со засилено темпо кон реализација на нови проекти“,  потенцираше Узунчев по потпишувањето на Договорот за заем.    

ФЕЦ Битола 2 ќе се гради на рекултивирано земјиште во рамките на РЕК „Битола“ и ќе има инсталиран капацитет од најмалку 50 MW. Се очекува оваа електроцентрала да произведува околу 80 – 90 GWh електрична енергија годишно, што е доволно за потребите на над 20 илјади домаќинства. Инвестицијата од 47,3 милиони евра ќе ја намали емисијата на јаглерод диоксид за 63.000 тони годишно, придонесувајќи за побрза декарбонизација на енергетскиот сектор. Согласно проектот за проширување на ветерниот парк „Богданци“ на постојната локација на паркот, кој во моментов е со 16 турбини, со моќност од 36,8 MW, ќе се инсталираат уште четири ветерници со вкупен инсталиран капацитет од 13,6 MW, со што целосно ќе биде заокружен овој  ветерен парк со вкупен инсталиран капацитет од околу 50 MW.

Двете инвестици ќе допринесат да се реализира дел од огромниот потенцијал на обновлива енергија во корист на граѓаните на Република Северна Македонија.

ФЕЦ Битола 2 и проширувањето на ветерниот парк  „Богданци“ се дел од долгорочните планови на државата кон зелената енергетска транзиција.

Статии во категорија

Почитувани, Во прилог се проследува на разгледување предлог текст на Енергетскиот биланс на Република Северна Македонија за 2025 година.Јавната расправа по Енергетскиот биланс ќе се одржи во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на 10 јануари 2025 година, во 11часот. Среќни Новогодишни и Божиќни празници! Линк: https://www.ea.gov.mk/wp-content/uploads/2024/12/2025-EB-final-za-javna-rasprava.pdf

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност (,,Службен весник на Република Северна Македонија” број.147 од 15.7.2024) член 29 став 1 од истиот, кој гласи:  ,,Лиценците односно овластувањата за вршење на енергетски контролори издадени пред влегувањето во сила на овој закон важат до 31 март […]

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој се зајакнува врската меѓу образованието, науката и индустријата во областа на енергетиката и новите технологии. Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања […]

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова. На средбата беа отворени повеќе теми од заеднички интерес, со фокус на енергетската ефикасност, соработката меѓу Министерството и Универзитетот и можностите за поддршка на младите кадри.  Ректорката Ангелова ја […]