Модернизација на мрежата на МЕПСО: Со поддршка на ЕБОР, Македонија поставува основа за паметна енергетска мрежа.

Во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, денес беше официјализиран стартот на проектот за развој на паметни електроенергетски мрежи, кој има за цел да ги унапреди можностите за интеграција на обновливи извори на енергија во Македонија и е основа за идни инвестиции и за справување со предизвиците во електричната мрежа.

Оваа важна соработка, под покровителство на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и министерката Сања Божиновска, се реализира меѓу државната МЕПСО и компанијата Коленко. 

На настанот присуствуваа претставникот на ЕБОР во нашата земја Фатих Туркменоглу, амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, директорот на Коленко во Македонија, Никола Битрак, а посебно за овој настан во Македонија пристигна и директорот на Коленко од Германија Хуберт Хосп. Формализирањето на договорот беше следено и он лине од страна на Ања Шнајдер од Блумберг.

„ Овој проект за развој на паметни електроенергетски мрежи не е само стратегија за планирање; тоа се конкретни чекори за иднината на нашата енергетска структура. Како Министерство, ние сме посветени на создавање одржливи решенија за нашата енергетска трансформација. Наша обврска е модернизација на нашите енергетски мрежи. Имаме одговорност кон нашите граѓани, нашите ресурси и нашата околина. Имаме можност да изградиме мрежа која не само што ќе се носи денес туку ќе е и солидна основа за идниот развој. Затоа, заедно со нашите партнери, ние ја потврдуваме нашата посветеност на создавање паметна мрежа која ќе одговори на предизвиците на времето во кое живееме. Оваа мрежа е наша иднина и нашето наследство.“ истакна министерката Божиновска.

ЕБОР е партнер со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, МЕПСО и ЕВН дистрибуција, обезбедувајќи експертски ресурси за изработка на Студијата.

„Декарбонизација на македонскиот енергетски сектор во континуитет е стратешки поддржана од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Активно го поддржуваме МЕПСО во напорите да ја модернизира и зајакне енергетската мрежа и да го спроведе овој план во реалност. Ние сме посветени да и помогнеме на земјата при енергетската транзиција.“ изјави претставникот на ЕБОР во нашата земја Фатих Туркменоглу.

Македонија е на пат да ја реализира својата енергетска агенда, која вклучува интеграција на 1,7 GW обновлива енергија до 2030 година. За реализација на целите клучна е изработката на детална Студија за развој на мрежата во која јасно ќе се адресираат предизвиците за интеграција на ОИЕ. Студиските истражувања треба да послужат за ажурирање на 10-годишниот план за развој на мрежата (TYNDP) и подготовка на робустен инвестициски план за да се овозможи непречена транзиција и на преносната и на дистрибутивната мрежа.

„Нашата цел е јасна, да создадеме енергетски систем кој е сигурен, доверлив и подготвен за иднината. За таа цел, МЕПСО е посветен на модернизација на инфраструктурата, развој на нови трансформаторски станици, подобрување на капацитетите за пренос и инсталирање системи за мониторинг и заштита. Успехот на овој проект зависи од нашата способност да соработуваме. Јас сум убеден дека преку ова партнерство со ЕБОР, Министерството за енергетика, ЕСМ, ние од МЕПСО, МЕМО, ЕВН, мноштвото производители на зелена енергија и сите засегнати страни, ќе успееме да ги постигнеме амбициозните цели што сме ги поставиле.“ изјави директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи

Студијата ќе примени современи решенија за „паметни мрежи“, користејќи искуства од меѓународната пракса, вклучително и од Европската унија и други земји во понапредните фази на енергетска транзиција и планирање.

Статии во категорија

Почитувани, Во прилог се проследува на разгледување предлог текст на Енергетскиот биланс на Република Северна Македонија за 2025 година.Јавната расправа по Енергетскиот биланс ќе се одржи во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на 10 јануари 2025 година, во 11часот. Среќни Новогодишни и Божиќни празници! Линк: https://www.ea.gov.mk/wp-content/uploads/2024/12/2025-EB-final-za-javna-rasprava.pdf

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност (,,Службен весник на Република Северна Македонија” број.147 од 15.7.2024) член 29 став 1 од истиот, кој гласи:  ,,Лиценците односно овластувањата за вршење на енергетски контролори издадени пред влегувањето во сила на овој закон важат до 31 март […]

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој се зајакнува врската меѓу образованието, науката и индустријата во областа на енергетиката и новите технологии. Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања […]

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова. На средбата беа отворени повеќе теми од заеднички интерес, со фокус на енергетската ефикасност, соработката меѓу Министерството и Универзитетот и можностите за поддршка на младите кадри.  Ректорката Ангелова ја […]