МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕНЕРГЕТИКА: РАСПРЕДЕЛБАТА НА ВАУЧЕРИ Е СПОРЕД ПРЕДВИДЕНАТА ДИНАМИКА

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека успешно се реализира процесот на доделување на ваучери за купување инвертер клими. 

Во текот на вчерашниот ден во Центрите за вработување низ државата поделени се над 90% од вредносните ваучери, а во Скопје и Битола каде што доделувањето беше во СЦ „Борис Трајковски“ односно спортска сала „Боро Чурлески“ беа поделени 79% и 64% од предвидените ваучери. Со оглед на бројноста на добитниците на вредносни ваучери од овие два града, како и во Прилеп (во Центарот за вработување) доделувањето на ваучерите е на истите локации и денес. Во моментов на трите локации нема редици и процесот тече во добар ред согласно предвидената динамика.

Министерството ги известува сите оние кои сè уште ги немаат подигнато своите ваучери дека истото можат да го сторат од понеделник, па до крај на месец ноември, во просториите на Министерството кое се наоѓа на почетокот на улица Македонија спроти Музеј на Град Скопје.

Министерството останува достапно за сите дополнителни прашања, при што редовни информации за тековните активности се објавуваат на нашата веб-страница и преку отворени телефонски линии.

Статии во категорија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи категории домаќинства во 2025 година.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека, според најновите податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „Енергија“ во март 2025 година бележи значителен раст од 13.8% во однос на истиот месец претходната година.
По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, упатуваме искрена честитка до сите работници во енергетскиот сектор – од рудниците, преку електраните, до мрежите за пренос и дистрибуција на енергија.
По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем.