1.000 денари месечно за струја: Кој има право и како да аплицира? – Министерството за енергетика објави јавен оглас“
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави Јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година, наменета за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија. Оваа мерка е дел од Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 34/25), со цел да се обезбеди директна поддршка за граѓаните на кои им е најпотребна.
Кој има право на финансиска поддршка? Финансиската поддршка е наменета за следните категории граѓани:
Износ и времетраење на поддршката Министерството доделува финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 1.000 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето. Поддршката ќе се доделува во текот на 12 месеци или до исцрпување на предвидените средства согласно програмата.
Лицата кои веќе користат гарантирана минимална помош и добиваат паричен додаток за енергенси во согласност со Законот за социјална заштита, како и старите лица кои користат финансиска поддршка согласно Законот за социјална сигурност на стари лица, не се опфатени со оваа мерка.
Процедура за аплицирање Рокот за поднесување на барањата изнесува 30 дена од денот на објавување на јавниот оглас. Заинтересираните лица треба да поднесат пополнет образец за барање (Образец 1 или Образец 2, во зависност од категоријата) достапен во архивата на Министерството или на официјалната веб-страница: https://www.ea.gov.mk/
Со барањето е потребно да се достават следните документи:
Министерството ги повикува сите граѓани кои ги исполнуваат условите да аплицираат навремено и да ја искористат оваа можност за намалување на трошоците за електрична енергија.
За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Министерството: www.ea.gov.mk или контактирајте на ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk за прашања во врска со јавниот оглас.
Со почит,
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини
© 2024. Сите права се задржани