Министерката Сања Божиновска е еден од говорниците на 9-то издание на годишната конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа во Вашингтон

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествуваше на 9. издание на Годишната конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа, организирана од Глобалниот енергетски центар на Атлантскиот совет. Настанот се одржа на 10 септември 2024 година, во Вашингтон, а на него присуствуваа истакнати лидери и носители на политики за решавање на клучните предизвици во енергетската безбедност, трансатлантската соработка и енергетската иднина на Европа, поддржано од САД.

Како еден од клучните говорници на конференцијата, министерката Божиновска, заедно со американски и европски претставници за енергетика, даде свој осврт на темите од значајност за секторот и енергетската безбедност во Европа. Учеството на министер од нашата држава на конференција од ваков калибар го потенцира активниот ангажман во унапредувањето на енергетската безбедност и негувањето на соработката со глобалните партнери.

Конференцијата за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа е платформа за интеракција со клучните глобални енергетски лидери, а истовремено и можност за зајакнување на нашето влијание во регионалните енергетски дискусии. Со фокус на усогласување на енергетските политики на земјата со пошироките трансатлантски стратегии, преку зајакнување на партнерствата со американските и европските лидери и привлекување на потенцијални инвестиции, во пракса ја реализираме посветеноста на енергетската безбедност и одржливост, што всушност е и еден од приоритетите за кои потенцирав дека ќе се фокусираме како Министерство. На овој начин и со активно вклучување ќе добиеме рамноправен статус и третман при обликувањето на политиките што се однесуваат на геополитичките предизвици кои влијаат на регионот.“ – изјави Министерката Божиновска. 

Во излагањето Министерката Божиновска потенцираше дека Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини активно работи на зајакнување на партнерствата во меѓународните институции кои соработуваат со државата во полето на енергетиката, како што се Европската банка за реконструкција и развој и Европската инвестициска банка. Исто така, подвлече дека покрај економската соработка исто така важна е и размената на знаење и добри практики од соседството и поширокиот регион. Покрај ова, исто така изјави дека зелената транзиција не е пожелна, туку неопходна за Македонија и за целиот регион, и дека истата претставува заедничка иницијатива која има за фокус подобра иднина на целиот регион.

Овој етаблиран настан претставува можност за приказ на енергетските приоритети на нашата држава на глобалната сцена и инволвираност во дискусиите за енергетската политика, безбедноста на снабдувањето и закрепнувањето на енергетскиот сектор во време на економска криза. Додека регионот продолжува да навигира помеѓу сложените геополитички тензии и тековната енергетска транзиција, оваа конференција обезбедува платформа за Македонија дополнително да ги зацврсти партнерствата во обликувањето на енергетската иднина на Европа.

Статии во категорија

Почитувани, Во прилог се проследува на разгледување предлог текст на Енергетскиот биланс на Република Северна Македонија за 2025 година.Јавната расправа по Енергетскиот биланс ќе се одржи во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на 10 јануари 2025 година, во 11часот. Среќни Новогодишни и Божиќни празници! Линк: https://www.ea.gov.mk/wp-content/uploads/2024/12/2025-EB-final-za-javna-rasprava.pdf

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност (,,Службен весник на Република Северна Македонија” број.147 од 15.7.2024) член 29 став 1 од истиот, кој гласи:  ,,Лиценците односно овластувањата за вршење на енергетски контролори издадени пред влегувањето во сила на овој закон важат до 31 март […]

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој се зајакнува врската меѓу образованието, науката и индустријата во областа на енергетиката и новите технологии. Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања […]

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова. На средбата беа отворени повеќе теми од заеднички интерес, со фокус на енергетската ефикасност, соработката меѓу Министерството и Универзитетот и можностите за поддршка на младите кадри.  Ректорката Ангелова ја […]