Министерката Божиновска учествува на „Неделата на одржлива енергија“ на УНЕЦЕ во Женева

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува на „Неделата на одржлива енергија“ што се одржува во Женева, Швајцарија. Како панелист на две панел дискусии министерката даде свој осврт за насоките според кои се имплементира праведната транзиција, како нераскинлив  дел од процесот  на зелена транзиција на земјите од регионот, исто така говореше на темата за забрзување на енергетската транзиција.

„Задоволна сум што како земја повторно имаме можност да учествуваме директно во дискусиите на еден од најреномираните настани за енергетика во Европа. Овој неколкудневен настан ќе ни помогне да го пренесеме нашиот став како Влада во врска со сериозните процеси што го очекуваат регионот на патот кон зеленото сценарио, декарбонизацијата и намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид. Вртењето кон обновливите извори на енергија е наш императив и еден од главните приоритети во годините пред нас. Сигурна сум дека со колегите од регионот на УНЕЦЕ ќе имаме исклучителна можност за вмрежување и отворање на дискусии за сите предизвици во носечките процеси на енергетска транзиција“ изјави Божиновска.   

Божиновска оствари билатерални средби со значајни претставници и чинители во полето на одржливата енергија, како заменик-извршниот секретар на UNECE, Дмитриј Маријасин, државниот секретар во Министерството за енергетика на Молдавија, Каролина Новак, и учествуваше на работен состанок со претседавачите на Комитетот на UNECE за одржлива енергија Јурген Кејнхорст и Маргалита Арабидзе.

Работата на УНЕЦЕ,  како организатор на Неделата на одржлива енергија е со цел да се подобри пристапот до достапна и чиста енергија за сите и да помогне во намалувањето на емисиите на стакленички гасови и јаглеродниот отпечаток на енергетскиот сектор во регионот. Овој настан се фокусира на широката дискусија за изградба на еластични енергетски системи за праведна енергетска транзиција во регионот на УНЕЦЕ. 

Статии во категорија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи категории домаќинства во 2025 година.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека, според најновите податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „Енергија“ во март 2025 година бележи значителен раст од 13.8% во однос на истиот месец претходната година.
По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, упатуваме искрена честитка до сите работници во енергетскиот сектор – од рудниците, преку електраните, до мрежите за пренос и дистрибуција на енергија.
По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем.