Како Македонија ќе ги искористи минералните богатства? МАНУ презентираше предлог стратегија во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

Во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, се одржа состанок на кој академици од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ја презентираа новата предлог Стратегија за геолошки истражувања и одржливо искористување на минералните суровини за периодот 2025-2045 која е во завршна фаза од изработка, по што ќе следи јавна расправа и нејзино усвојување од страна на Владата. Делегацијата на МАНУ беше предводена од академик Блажо Боев и научниот соработник д-р Александар Дединец.

Стратегијата има за цел да го дефинира обемот и начинот на реализација на основните геолошки истражувања, како и одржливото искористување и потребите за експлоатација на минералните суровини кои се од клучно значење за развојот на стопанството на Република Македонија. Документот детално го разработува искористувањето и експлоатацијата на природните ресурси во следните 20 години, при максимална заштита на природните особености на животната средина и на здравјето на луѓето со користење на најсовремени паметни технологии, практики и знаења применети во најразвиените земји во светот.

Министерката Сања Божиновска ја истакна важноста на оваа стратегија за економскиот развој на земјата, нагласувајќи дека одржливото управување со минералните ресурси е од суштинско значење за енергетската независност и индустрискиот напредок. Таа изрази благодарност до МАНУ за нивниот придонес во изработката на овој стратешки документ.

Академик Боев посочи дека стратегијата е резултат на темелни истражувања и анализи, со цел да се обезбеди балансиран пристап помеѓу економскиот развој и заштитата на животната средина. Д-р Дединец додаде дека документот е усогласен со глобалните трендови и стандарди, и дека неговата имплементација ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Присутните на состанокот се согласија дека успешната реализација на стратегијата ќе зависи од блиската соработка меѓу институциите, научната заедница и приватниот сектор, со цел да се обезбеди одржлив и долгорочен развој на рударскиот сектор во земјата.

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Статии во категорија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи категории домаќинства во 2025 година.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека, според најновите податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „Енергија“ во март 2025 година бележи значителен раст од 13.8% во однос на истиот месец претходната година.
По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, упатуваме искрена честитка до сите работници во енергетскиот сектор – од рудниците, преку електраните, до мрежите за пренос и дистрибуција на енергија.
По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем.