Интегрирани услуги за енергетски ефикасно реновирање домови – успешно одржан промотивниот настан за ЕУ проектот ОСС ХАБИТАТ

Успешно се одржа промотивниот настан за започнување на ЕУ проектот ОСС Хабитат. Овој проект претставува значаен чекор кон унапредување на енергетската ефикасност и одржливиот развој .

Настанот собра преставници од Владата, Европската Унија, експерти од областа на енергетиката и граѓанскиот сектор, кои ја истакнаа важноста на проектот за енергетската транзиција во земјата.

Во рамките на настанот се одржа и панел дискусија на која како панелист учествуваше заменикот министер Мирослав Лабудовиќ, кој го истакна значењето на проектот во контекст на националните стратегии за зголемување на енергетската ефикасност и намалување на емисиите на штетни гасови.

Клучни цели и придобивки од проектот се реновирање на повеќе од 200 станбени единици за зголемување на енергетската ефикасност, намалување на потрошувачката на енергијата за околу 40%, снижение на емисиите на СО2 за повеќе од 3,584 тони годишно и создавање на долгорочни партнерства за одржлив развој.

Присутните учесници имаа можност да се запознаат со иновативните решенија што ќе се применат во рамките на проектот, како и со чекорите што ќе следат во процесот на имплементација.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го нагласува значењето на овој проект како дел од националните напори за подобрување на енергетската ефикасност и заштита на животната средина.

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Статии во категорија

Огромен интерес за македонската делегација на XII Global Baku Forum – присуството на македонската делегација, официјалните и неформалните средби на претседателката Гордана Силјановска-Давкова и министерката Сања Божиновска со актуелни и поранешни светски лидери предизвикаа внимание од медиумите и меѓународните институции. Претседателката и министерката учествуваат на престижниот меѓународен самит, каде што на истата маса со сегашни […]

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Баку беше пречекана од својот колега, министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов, во рамки на официјалната посета посветена на унапредување на енергетската соработка меѓу двете земји. На тет-а-тет средбата, која се одржа во Министерството за енергетика на Азербејџан, беше истакната заедничката заложба за зајакнување […]

Во Прага се одржа Заедничкиот состанок за економска соработка помеѓу Република Македонија и Република Чешка, на која се договорени чекори за продлабочување на билатералната соработка во повеќе сектори. Македонската делегација беше предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, која активно се залага за зајакнување на економските врски со Чешка и […]

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со претставници од Министерството, делегација од ЕСМ и македонски новинарски екипи, оствари посета на термоелектраната Тушимице во Чешка. Оваа термоелектрана, лоцирана во близина на градот Кадан, е една од најголемите во земјата и има инсталиран капацитет од 800 MW, со четири генерациски единици од по […]