Известување за  подигнување  на овластувања за енергетски контролори и лиценци за правни субјекти

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност (,,Службен весник на Република Северна Македонија” број.147 од 15.7.2024) член 29 став 1 од истиот, кој гласи:

 ,,Лиценците односно овластувањата за вршење на енергетски контролори издадени пред влегувањето во сила на овој закон важат до 31 март 2025 година и со истите можат да се вршат исклучиво енергетски контроли на згради. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, по службена должност, го усогласува рокот на важност во издадените лиценци, односно овластувања, најдоцна до 31 декември 2024 година”,

 го продолжува времетраењето на важност на лиценците односно овластувањата за вршење енергетска контроли и за истите издава документи со кои се потврдува рокот на важност.

Лиценците/овластувањата се изготвени.

 Сите што сеуште ги немаат подигнато овластувањата/лиценците, подигнувањето може да го направат лично во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Важно: 

Потребни документи за продолжување на лиценцата:

·                  Барање за продолжување на лиценца 

·                  Тековна состојба со печат од фирма

·                  М1М2 образец за вработен енергетски контролор во фирмата

·                  Копија од лиценца за вршење енергетска контрола со важност до 31.03.2024

·                  Лиценцата се подигнува лично (носител на фирмата) или се подига со овластување издадено од фирма.

Потребни документи за продолжување на овластување:

·                  Приложување на увид овластување заклучно последниот рок на важност

Статии во категорија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи категории домаќинства во 2025 година.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека, според најновите податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „Енергија“ во март 2025 година бележи значителен раст од 13.8% во однос на истиот месец претходната година.
По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, упатуваме искрена честитка до сите работници во енергетскиот сектор – од рудниците, преку електраните, до мрежите за пренос и дистрибуција на енергија.
По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем.