Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја подржува иницијативата за Зелено Финансирање
Во Владата на Република Северна Македонија, се одржа третиот управувачки комитет на Green Finance Facility, UN Joint Programme, револуционерен финансиски механизам кој овозможува пристап до поволно финансирање за мали и средни претпријатија (МСП) и домаќинства во Северна Македонија.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како активен член и поддржувач на оваа иницијатива, посветено работи на поттикнување на инвестициите во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, со цел да се забрза транзицијата кон зелени решенија, да се намали потрошувачката на енергија и да се придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот и ублажување на климатските промени.
Клучни активности на програмата се преку локалните финансиски институции да се понудат поволни заеми за домаќинства и компании кои сакаат да инвестираат во енергетска ефикасност и обновливи извори.
Програмата вклучува техничка помош и перформансно-базирани грантови (РВР) кои ќе покријат до 30% од износот на заемот за домаќинствата и до 10% за компаниите, во зависност од видот на инвестицијата.
Со реализација на оваа програма во наредните години се очекува:
– До 105 бизниси да добијат пристап до зелени финансии и техничка помош
– До 650 домаќинства да обезбедат финансирање за инвестиции во обновлива енергија
– Да се зголеми производтсво на обновлива енергија во земјата за 10.7 MW
– Да се избегнат 80.000 тони емисии на стакленички гасови и да се постигне заштеда од 86.000MWh енергија
Министерството за енергија, рударство и минерални суровини останува посветено кон целта за создавање на поволни услови за зелен економски развој, со поддршка на иницијативи како Green Finance Facility.
Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

