Експертизата и визијата се здружуваат – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Здружението на лиценцирани енергетски контролори, во акција за унапредување на енергетската ефикасност

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Здружението на
лиценцирани енергетски контролори на Македонија (ЗЛЕК) потпишаа меморандум за
соработка, кој отвора нови можности за поттикнување и унапредување на енергетската
ефикасност во државата.


Целта е преку здружување на експертизата и институциите да се забрза
унапредувањето на енергетската регулатива и стручна поддршка. Меморандумот
предвидува активности како промоција на енергетска ефикасност, размена на
информации, стручна и техничка поддршка, како и организирање на трибини, обуки и
настани.


„ Преку здружување на стручноста и ресурсите, ќе работиме на подобрување на
законодавството и создавање конкретни придобивки за граѓаните. Ова партнерство е
нашата посветеност кон поефикасна иднина.“ истакна министерката за енергетика
Сања Божиновска.


Претседателката на ЗЛЕК, м-р Весна Неделковска, нагласи: „Соработката со
Министерството ќе овозможи поефективно користење на нашето знаење и експертиза.
Заедничките активности ќе придонесат за значајни чекори во афирмацијата на
енергетската ефикасност.“


Здружението на лиценцирани енергетски контролори на Македонија (ЗЛЕК) е
професионална организација која има цел промоција и унапредување на енергетската
ефикасност преку обезбедување енергетските контроли да ги вршат соодветно обучени
и овластени ревизори, релевантни за секој пазар. Обезбедуваат консултантски услуги,
стручна анализа и помош во конкретни проекти поврзани со енергетската ефикасност.
Преку своите активности, ЗЛЕК придонесува кон подобрување на законодавната рамка,
едукација на професионалците и јавноста, како и практична имплементација на мерки
за енергетска ефикасност во Република Македонија.


Оваа соработка со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини
претставува значаен чекор кон зајакнување на енергетската ефикасност и одржливиот
развој на енергетскиот сектор во земјата и ја поставува основата за иновативни
пристапи во справувањето со енергетските предизвици.

Статии во категорија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи категории домаќинства во 2025 година.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека, според најновите податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „Енергија“ во март 2025 година бележи значителен раст од 13.8% во однос на истиот месец претходната година.
По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, упатуваме искрена честитка до сите работници во енергетскиот сектор – од рудниците, преку електраните, до мрежите за пренос и дистрибуција на енергија.
По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем.