Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во првиот квартал од 2025 година достигна 247.491.155 денари. Ова претставува повеќе од двојно зголемување во однос на истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 110.576.324 денари.
Овој значаен раст е резултат на посветените и засилени активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите.
Засилена контрола и активни мерки кон концесионерите
Министерството спроведе сериозни активности за зајакнување на наплатата на надоместоците, вклучувајќи:
Нов тарифник: Фер наплата за користење на националните богатства
Со новиот Тарифник, висината на надоместоците за издавање дозволи и концесии за експлоатација на минерални суровини е зголемена до 100%, со цел да се обезбеди правична вредност за користење на природните ресурси. Клучните измени вклучуваат:
Овие измени не се однесуваат на енергетските минерали, како јагленот, со цел да се избегне дополнителен притисок врз цените на електричната енергија.
Поголема наплата – Поголеми инвестиции во општините
Порастот на наплатата директно влијае врз зголемувањето на буџетите на општините каде што работат концесионерите, како и на буџетот на Република Македонија. Овие средствата се користат за изградба и одржување на комунална инфраструктура на подрачјето на единиците на локалната самоуправа, проекти за одржлив развој и енергетска транзиција и за спроведување на проекти за заштита на животната средина.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на воспоставување на највисоки стандарди за фер управување со природните ресурси и зајакнување на економските придобивки од нивната експлоатација.
Со почит,
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини
© 2024. Сите права се задржани