Градење иднина: Намалување на одливот на квалитетниот кадар и поддршка за енергетската транзиција

Заменикот министер за енергетика Мирослав Лабудовиќ зема учество во панел дискусијата во рамките на проектот Skills4Justice.eu SKILLS4JUSTICE каде што се дискутираше на темата „Од истражување до политики: искористување на податоците за праведна миграција“.

Во време кога миграцијата е еден од клучните предизвици за општествата ширум Европа, од суштинско значење е политиките да се засноваат на релевантни податоци и истражувања. Ова ни овозможува да градиме фер, инклузивни и одржливи решенија кои ги штитат правата и ја зајакнуваат социјалната кохезија.

Посебно загрижувачки е одливот на високообразовани кадри од Република Северна Македонија. Овој тренд можеби не може целосно да се запре, но како држава мораме да вложиме максимални напори за негово ублажување. Со создавање подобри можности за младите, подобрување на економските услови и градење општество во кое тие ја гледаат својата иднина, можеме да ја намалиме потребата за иселување.

“Дополнително, енергетскиот сектор се соочува со недостиг на квалификуван кадар – предизвик кој станува сè поактуелен со забрзаната транзиција кон чиста енергија. Активно работиме на преквалификација и доедукација на кадрите во овој сектор, со цел да создадеме стручна и подготвена работна сила за енергетскиот систем на иднината.” изјави заменикот министер Лабудовиќ.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува фокусирано на подобрување на условите за младите, како и на носење нови идеи и решенија кои ќе ја унапредат миграционата политика и енергетската транзиција. Нашата цел е да создадеме инклузивни, одржливи и стратешки насочени политики кои ќе ги обезбедат потребите на граѓаните и ќе го подобрат квалитетот на животот во нашето општество.

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Статии во категорија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи категории домаќинства во 2025 година.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека, според најновите податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „Енергија“ во март 2025 година бележи значителен раст од 13.8% во однос на истиот месец претходната година.
По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, упатуваме искрена честитка до сите работници во енергетскиот сектор – од рудниците, преку електраните, до мрежите за пренос и дистрибуција на енергија.
По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем.