Божиновска од конференцијата ЕНЕРГЕТИКА 2024: Енергетската транзиција  е полна со предизвици

Додека државите ширум светот, вклучувајќи ја и Македонија, се соочуваат со зголемена побарувачка за енергија и потребата за итни климатски акции, неопходно е да соработуваме за иновациите и стратешки да планираме нови проекти. Живееме во реалност кога сè што е поврзано со енергетскиот сектор е од исклучителна важност, па соодветно на тоа и темата на годинешниот собир, ни дава увид и нѐ поттикнува за поенергично влегување во унапредување на знаењата, политиките и технологиите во производството на енергија, одржливиот развој и заштитата на животната средина. Ова го порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска  во својство на говорник, во рамките на реномираната меѓународна конференција „Енергетика 2024“.  

Во своето обраќање,  Божиновска се осврна на значењето на производството и дистрибуцијата на енергија како основа на економскиот раст и стабилност.

„ Влегуваме во ера на чиста енергија, енергетска ефикасност и технолошки напредок, која ќе ни овозможи намалување на емисиите на јаглерод и истовремено обезбедување сигурен и достапен пристап до енергија за сите. Ова нѐ води до една од клучните теми на конференцијата: енергетската транзиција. Државите се оддалечуваат од фосилните горива и вложуваат во обновливи извори на енергија, како сончевата, ветерната, хидро и геотермалната енергија. Македонија не е исклучок, затоа што правивме значителни чекори во проширување на капацитетите за обновлива енергија, особено со проектите за сончеви и ветерни паркови. Сепак, мора да признаеме дека оваа транзиција е полна со предизвици“ нагласи Божиновска.

Политичките рамки, исто така, играат значајна улога во енергетската транзиција. Политиките мора да бидат насочени кон поддршка на преминот кон чиста енергија, додека ги адресираат и социо-економските аспекти на овој процес. 

Владите, смета Божиновска, треба да обезбедат јасни и предвидливи регулаторни услови кои ќе поттикнуваат инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Ова нѐ води до втората критична тема на конференцијата: одржлив развој на енергетските системи што ги градиме денес, ќе имаат далекусежни последици за идните генерации. Нашата одговорност е да осигураме дека тие системи се одржливи, отпорни и прилагодливи на променливите потреби на општеството и животната средина. Одржливиот развој во енергетскиот сектор не подразбира само усвојување на технологии за чиста енергија, туку и промовирање на енергетската ефикасност и намалување на нашата вкупна потрошувачка на енергија. 

„Оваа значајна конференција во организација на ЗЕМАК не е само можност за размена на знаења, туку и повик на акција. Идеите што ќе ги размениме и партнерствата што ќе ги изградиме овде ќе ја обликуваат иднината на енергетиката во земјава, регионот и светот. Да ја искористиме оваа можност за да создадеме нови соработки, да истражиме најнови технологии и да развиеме стратегии што ќе нè водат кон почиста, одржлива и сигурна енергетска иднина. Заедно, можеме да ги надминеме предизвиците и да изградиме подобар, позелен свет за идните генерации“ порача министерката Божиновска.  

Статии во категорија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи категории домаќинства во 2025 година.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека, според најновите податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „Енергија“ во март 2025 година бележи значителен раст од 13.8% во однос на истиот месец претходната година.
По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, упатуваме искрена честитка до сите работници во енергетскиот сектор – од рудниците, преку електраните, до мрежите за пренос и дистрибуција на енергија.
По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем.