Божиновска: Македонија поблизу до енергетска ефикасност преку Фондот на Светската банка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денес оствари работна средба со претставници на Светската банка. 

Во фокусот на разговорите беа енергетската ефикасност и заложбите на Македонија да постигне енергетска независност и трансформација кон обновливи извори на енергија,  како и можностите и придобивките што ги нуди Фондот за енергетска ефикасност и соработката со Светска банка на ова поле.

На средбата, експертите за енергетика од Светската банка, Адитја Лукас, (Aditya Lukas – task team leader, Senior Energy Specialist), Редон Беголи (Rhedon Begolli dpt. Country Manager, energy specialist) и Иван Крофак (Ivan Krofak Energy consultant), ја презентираа финансиската рамка на фондот за енергетска ефикасност, потенцирајќи ги придобивките и значењето на овој фонд за постигнување на целите на Македонија. 

Претставниците на Светската банка ја информираа министерката и за тековната имплементација на проектите за енергетска ефикасност што се работат на ниво на државата и на ниво на општините. Се разговараше и за можностите за идни проекти, а со цел зајакнување на соработката и постигнување на посакуваните резултати.

На средбата беше потврдена заложбата на Светската банка во континуитет да пружи помош и финансиска, техничка и организациска поддршка од областа на енергетиката, а со цел обезбедување брза зелената транзиција на македонскиот енергетски сектор.

Учесниците на состанокот уште еднаш ја потврдија досегашната одличната соработка и заложбите за нејзино понатамошно продлабочување. 

Светска банка, соработувајќи со македонските институции,  врши Систематската дијагностика за земјата (Systematic Country Diagnostic) со цел да ги идентификува најкритичните препреки и можности за да се промовира заеднички просперитет на одржлив начин.

Статии во категорија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи категории домаќинства во 2025 година.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека, според најновите податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „Енергија“ во март 2025 година бележи значителен раст од 13.8% во однос на истиот месец претходната година.
По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, упатуваме искрена честитка до сите работници во енергетскиот сектор – од рудниците, преку електраните, до мрежите за пренос и дистрибуција на енергија.
По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем.