Божиновска до младите инжинери: Нашата земја има потреба од вашето знаење, мора да создадеме можности што ќе ви се предизвик

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој се зајакнува врската меѓу образованието, науката и индустријата во областа на енергетиката и новите технологии.

Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и деканот на ФЕИТ, проф. д-р Владимир Атанасовски.

Оваа соработка има за цел да поттикне иновативни истражувања, развој на нови технологии и едукација на висококвалификувани кадри, кои ќе придонесат кон одржливи енергетски решенија и економски развој на земјата.

„ Овој меморандум ја потврдува нашата заедничка цел – да ги поддржиме младите инженери и да ја зајакнеме врската меѓу науката, образованието и индустријата.Заедно ќе работиме на проекти кои ќе ја унапредат енергетската ефикасност и ќе создадат нови можности за нашите млади инженери,“ изјави министерката Божиновска.

Деканот на ФЕИТ, проф. д-р Атанасовски, истакна дека оваа соработка ќе овозможи на студентите и истражувачите пристап до реални проекти и ќе ги подготви за предизвиците на современата енергетска индустрија.

По потпишувањето, министерката и деканот одржаа академски час со студентите на ФЕИТ, при што се разговараше за предизвиците и можностите за развојот на младите инженери и иновации во енергетскиот сектор. Министерката им порача на студентите дека Владата е посветена на создавање услови за нивно професионално реализирање дома.

„Нашата цел е јасна – да ви понудиме работа која ќе биде вистински предизвик за вашето знаење и креативност, за да останете тука и да придонесете за својата земја. Сигурна сум дека токму од вас, од вашите идеи и ентузијазам, ќе произлезат иновации кои ќе го обликуваат енергетскиот сектор во Македонија,“ рече Божиновска.

Деканот Ташковски нагласи дека меморандумот ќе им овозможи на студентите да стекнат уникатно искуство преку практикантска работа и вклучување во проекти од национално значење. Со ова партнерство, Министерството и ФЕИТ испраќаат јасна порака дека вложувањето во образованието и науката е клучно за обезбедување на одржлива и просперитетна енергетска иднина за Македонија. 

„Ова е партнерство кое ги инспирира идните генерации инженери и отвора нови можности за академијата, индустријата и општеството,“ заклучи Божиновска.

Статии во категорија

Почитувани, Во прилог се проследува на разгледување предлог текст на Енергетскиот биланс на Република Северна Македонија за 2025 година.Јавната расправа по Енергетскиот биланс ќе се одржи во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на 10 јануари 2025 година, во 11часот. Среќни Новогодишни и Божиќни празници! Линк: https://www.ea.gov.mk/wp-content/uploads/2024/12/2025-EB-final-za-javna-rasprava.pdf

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност (,,Службен весник на Република Северна Македонија” број.147 од 15.7.2024) член 29 став 1 од истиот, кој гласи:  ,,Лиценците односно овластувањата за вршење на енергетски контролори издадени пред влегувањето во сила на овој закон важат до 31 март […]

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој се зајакнува врската меѓу образованието, науката и индустријата во областа на енергетиката и новите технологии. Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања […]

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова. На средбата беа отворени повеќе теми од заеднички интерес, со фокус на енергетската ефикасност, соработката меѓу Министерството и Универзитетот и можностите за поддршка на младите кадри.  Ректорката Ангелова ја […]