Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска,
оствари средба со претставници на Германската амбасада во Република Македонија. На
средбата се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во областа на
енергетската транзиција и справувањето со климатските предизвици.
Во текот на средбата, министерката Божиновска доби официјална покана која беше
доставена од страна на преставниците на Германската амбасада, за учество на 11-тиот
Берлински дијалог за енергетска транзиција (Berlin Energy Transition Dialogue – BETD),
кој ќе се одржи на 18 и 19 март 2025 година во Берлин. Поканата е упатена од страна на
министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, и министерот за
економија и климатска акција, Роберт Хабек.

Оваа покана има особено значење за нашата земја и претставува значајно признание за
напорите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и
министерката Божиновска во областа на енергетската транзиција. Министерката
Божиновска ќе е единствен претставник од Република Македонија.
Берлинскиот дијалог за енергетска транзиција е водечки меѓународен форум кој ги
обединува високи претставници од политиката, индустријата, науката и граѓанското
општество за размена на идеи и решенија за глобалната енергетска транзиција.
Учеството на министерката Божиновска ќе овозможи претставување на македонските
напори и достигнувања, како и создавање нови можности за соработка со меѓународни
партнери