Божиновска:Лидерството не е за позиција, туку за одговорност и резултати

,,Жените како лидери во општеството носат позитивни промени и покрај сите предизвици со кои се соочуваат како нееднаква плата, ограничен пристап до лидерски позиции и системски бариери. Но, и покрај овие предизвици, ние продолжуваме да се издигнуваме, да ги поместуваме границите и да го бараме нашето вистинско место во иднината што и ние ја обликуваме” порача министерката за енергетика Сања Божиновска на Женскиот економскиот форум- Балкан 2024.

Министерката посочи дека бројките сè уште покажуваат дека жените се недоволно застапени на клучните, одлучувачки позиции, позиции со одговорности и со висока компетентност, а учеството во работната сила заостанува зад европскиот просек. Во земјите од Западен Балкан, учеството на женската работна сила е едно од најниските во Европа

Божиновска сподели и искуство од нејзиното патување  во професионалната кариера надвор од Македонија, на кое имало бариери со кои се соочуваат многумина – бариери на сомнеж, родова пристрасност и отпор кон промените. 

,,Кога станав министерка за енергетика, брзо сфатив дека овој сектор – како и многу други – беше сектор во кој жените беа недоволно застапени. Но, секој од овие предизвици само ја поттикна мојата решеност. Знаев дека лидерството не е поседување на титула, туку преземање на акција. Научив дека лидерството не е за позиција, туку за одговорност и резултати, и како жени, мораме постојано да притискаме за промени, не само за себе, туку и за секоја жена која гледа на нас и верува во подобра иднина.Нема да чекаме да се случи промена, ние ќе ја предизвикаме промената, ќе бидеме промена” истакна министерката.

На Форумот кој се одржува во Скопје, успешни и инспиративни жени од политиката, бизнисот и академската заедница испратија моќни пораки за важноста на жените да се мотивираат и да се поддржуваат меѓусебно. Учество земаа 300 бизнис-лидери, претприемачи, активисти, истражувачи и академици од Португалија, Индија, Египет, Турција, Хрватска, Словенија и од земјите од Западен Балкан. Настанот е дел од глобалната франшиза на Women Economic Forum (WEF) и глобалната мисија Г100 Милион.

Статии во категорија

Почитувани, Во прилог се проследува на разгледување предлог текст на Енергетскиот биланс на Република Северна Македонија за 2025 година.Јавната расправа по Енергетскиот биланс ќе се одржи во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на 10 јануари 2025 година, во 11часот. Среќни Новогодишни и Божиќни празници! Линк: https://www.ea.gov.mk/wp-content/uploads/2024/12/2025-EB-final-za-javna-rasprava.pdf

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност (,,Службен весник на Република Северна Македонија” број.147 од 15.7.2024) член 29 став 1 од истиот, кој гласи:  ,,Лиценците односно овластувањата за вршење на енергетски контролори издадени пред влегувањето во сила на овој закон важат до 31 март […]

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој се зајакнува врската меѓу образованието, науката и индустријата во областа на енергетиката и новите технологии. Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања […]

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова. На средбата беа отворени повеќе теми од заеднички интерес, со фокус на енергетската ефикасност, соработката меѓу Министерството и Универзитетот и можностите за поддршка на младите кадри.  Ректорката Ангелова ја […]