Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска – заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска,
одржа средба со амбасадорот на Чешка во Македонија, г. Јарослав Лудва, придружуван
од раководителот на економско-конзуларниот оддел, г. Кветослав Сулек.


На средбата освен што се разговараше за можностите за проширување на соработката
во областа на енергетиката, беа договорени и конкретни активности за реализација на
две иницијативи на министерката Божиновска: За одржување на заедничка седница на
министри од двете земји од повеќе ресори, а со цел за унапредување на билатералните
односи, како и иницијативата за воведување директна линија Скопје – Прага.


Министерката Божиновска и амбасадорот Лудва, ќе се заложат на седницата да се
потпишат и меморандуми за соработка во повеќе области и да разгледаат и конкретни
активности за продлабочување на економските и енергетските односи. Дополнително,
се предлага во делегацијата да се вклучени и претставници на македонската бизнис-
заедница со цел воспоставување партнерства со чешките компании.


Министерката Божиновска на средбата ја истакна важноста на директната поврзаност
меѓу двете земји и најави дека е задоволна што нејзината инцијатива за директна
авионска линија со Прага, добила силна поддршка од амбасадорот кој се заложил за
нејзина реализација.


„Посебно ме радува што амбасадорот на Чешка во Македонија, г. Лудва ја поддржа
мојата иницијатива за директна авионска линија Скопје – Прага. Со заедничка заложба
успеавме оваа идеја да е на пат да се реализира и во месеците што следат ќе биде
воспоставена редовна авионска линија, која ќе придонесе за олеснување на соработката
во трговијата, бизнисот и културната размена. Со тоа поставуваме нови темели за
партнерства и инвестиции.“ изјави Божиновска


Министерката и амбасадорот информираа дека освен директната авионска линија
Скопје-Прага се разгледува и можноста за воведување и на сезонска линија Прага –
Охрид, со цел стимулирање на туристичките врски и промоција на Охрид како
дестинација од интерес за чешките туристи.


Оваа средба претставува значаен чекор напред во градењето на силни билатерални
односи и отворање нови перспективи за соработка меѓу Чешка и Македонија, што е од
интерес за граѓаните и економиите на двете земји.

Статии во категорија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи категории домаќинства во 2025 година.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека, според најновите податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „Енергија“ во март 2025 година бележи значителен раст од 13.8% во однос на истиот месец претходната година.
По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, упатуваме искрена честитка до сите работници во енергетскиот сектор – од рудниците, преку електраните, до мрежите за пренос и дистрибуција на енергија.
По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем.