Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со претставници на германската КfW банка, на која се разговараше за можностите за идни инвестиции во енергетскиот сектор, како и за поддршката на банката во процесот на трансформацијата на АД ЕСМ во рентабилна и модерна компанија. На состанокот, претставниците на КfW ја потврдија […]

...

Успешно се одржа промотивниот настан за започнување на ЕУ проектот ОСС Хабитат. Овој проект претставува значаен чекор кон унапредување на енергетската ефикасност и одржливиот развој . Настанот собра преставници од Владата, Европската Унија, експерти од областа на енергетиката и граѓанскиот сектор, кои ја истакнаа важноста на проектот за енергетската транзиција во земјата. Во рамките на […]

...

По повод Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со млади девојки од Македонија кои градат кариера во областа на науката, инженерството и технологијата. На средбата учествуваа добитнички на Инженерски прстен, како и девојки кои се дел од програмата Global Engineer Girls на […]

...

Институции Соработници

Министерка за енергетика, рударство и минерални суровини

Сања Божиновска е првата Министерка за енергетика, рударство и минерални суровини во Владата на Република Северна Македонија, од јуни 2024 година.

Дипломирала на факултетот за Бизнис администрација на англо-американскиот универзитет во Прага, а завршила магистратура по меѓународен бизнис на Универзитетот во Гронинген, Холандија.

Во текот на нејзиното формално образование, пренесено од група на силни имиња од светот на економијата, Божиновска се стекнала со силна основа во принципите за планирање и практицирање менаџмент и бизнис. Благодарение на силната академска основа, Божиновска е опремена со длабоко разбирање на глобалната деловна динамика, што е од суштинско значење за нејзината работа во енергетскиот сектор.

Со повеќе од две децении искуство во енергетската индустрија, Сања Божиновска е прагматичен лидер со докажано искуство во сферата на управување со енергетски ресурси, одржливи енергетски реформи и прекугранична соработка во Европа и пошироко.