Соопштение

25.02.2020

Согласно Член 16, став 2 од Правилникот за обновливи извори на енергија (Службен весник на Р.С.М бр,112/19), ги информираме субјектите :

– повластени производители коишто користат повластени тарифи,
– производители на електрична енергија од обновливи извори коишто не користат мерка на поддршка, а се приклучени на соодветен енергетски систем,
– потрошувачи-производители со инсталирана моќност на електроцентралата поголема од 1kW, и
– потрошувачи кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори наменета за сопствена потрошувачка со инсталирана моќност на електроцентралата поголема од 1kW, кои не се запишани во Регистарот на електроцентрали, во рок од 90 дена од денот на влегување во сила на правилникот до Агенцијата за енергетика да поднесат барање за упис во Регистарот на електроцентрали од обновливи извори согласно Член 19 од истиот правилник.

Анкети

AНКЕТА ЗА КВАЛИТЕТ НА УСЛУГИТЕ

Врз основа на имплементација на стандард ИСО 9001:2008, систем за управување со квалитет, потребно е да го пополните прашалникот.

Институции