Project

Project

Почеток

Во Југоисточна Европа претставувањето на иновативни процеси карактеризирани со трансфер, експериментирање и консолидирање на знај – како, поврзани со користењето и производството на енергија, се проследени со добро планирање и воведување на соодветени менаџмент методи е начин на подобрување на енергетскиот баланс.  Целта на проектот ENER-SUPPLY е да помага во локалните територии кон оваа насока преку зголемено користење на обновливите извори на енергија (ОИЕ) и имплементација на мерките за енергетска ефикасност (ЕЕ).

Оваа цел ќе биде постигната преку:

  1. Пренесување на правно и техничко знаење од искусните партнери од земјите – членки во ЕУ на земјите од ЈИЕ на локално ниво, преку имплементација на:
    • 1 курс за  „обука на тренери“
    • 9 курсеви за обука на локалните институции
  2.  Експериментирање на добри практики за менаџмент со енергетските ресурси (од страна на јавни и приватни организации) во рамките на постоечки економски системи, преку:
    • Запознавање на концептот на Системите за енергетски менаџмент (СЕМ);
    • Тестирање и проценка на имплементацијата на СЕМ на 9 локални територии.
  3. Развој на териториите преку поставување на шема на можности за инвестирање во ОИЕ и ЕЕ:
    • Подготовка на мапи за потенцијал на ОИЕ и студии на исплатливост за ЕЕ/ОИЕ;
    • Ќе бидат дефинирани потенцијални финансиски ресурси;
    • Крајните резултати ќе бидат промовирани на потенцијални инвеститори

 

Проектот ќе биде пропратен со информативни кампањи директно до клучните целни групи на секоја територија и со широка акција за дисиминација за да се истакнат резултатите со цел поддршка. Партнерите се организации со долго искуство во енергетиката (ЕЕ и/или ОИЕ) и со дополнителни вештини.