МЕНИ
Мултимедија
Посетеност







![]() | Денес | 2164 |
![]() | Вчера | 2254 |
![]() | Овој месец | 23693 |
![]() | Вкупно | 7176767 |
Опис на проектот
Грант на ГЕФ во висина од 5.5 милиони УСД беше одобрен на 26 февруари 2007 од страна на Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD) во својство на агенција - спроведувач на ГЕФ. Грантот е наменет за финансирање (1) на активности за трансформација на пазарот преку користење на фондови за техничка помош (2) развој на услужно ориентирана Компанија за енергетски услуги за спроведување на финансирање во проекти за енергетска ефикасност од трети страни; и (3) инвестиции во ЕЕ и ОИЕ преку Финансиски услуги за енергетски проекти (SEFF).
Развојната цел на проектот е развивање на одржлив пазар за ЕЕ и ОИЕ преку поддршка во градењето на поволно опкружување, институционален капацитет, како и потребни финансиски механизми. Проектот подетално ќе се сосредоточи на следното:
- Промена на постоечките неповолни услови за инвестирање и поттикнување на инвестициите како и изградба на поволно опкружување во Република Македонија кои ќе го зајакнат развојот за искористување на одржливата енергија (во овој контекст дефинирана како ефикасно користење на енергијата и обновливите извори на енергија) преку обезбедување нa финансиска, методолошка, инфомативна и институционална поддршка;
- Поддршка на големиот пораст на инвестиции во енергетска ефикасност (ЕЕ) во Република Македонија преку развивање на самоодржлив и пазарно заснован механизам за финансирање кој се темели на принципот на комерцијално кофинасирање. Целта на проектот се фокусира на развој и реализација на финансиско профитабилни проекти за ЕЕ, коишто може да обезбедат одржливо и растечко намалување на емисиите на СГ без стимулации на јавни субвенции; и
- Зголемување на достапноста за финансирање на инвестиции за обновлива енергија (ОИЕ), претпријатија и посредници преку воведување на Финансиски услуги за енергетски проекти (SEFF) со долгорочни проекции, кои ќе обезбедат иницирачки капитал за кофинансирање на задолжувања за проекти за ОИЕ.
- Воведување на поволно регулаторно и стимулациско рамковно опкружување за ОИЕ засновано на производство на електрична и
- топлинска енергија.
- Повеќе и подобро реализирани проекти за ОИЕ коишто ќе достигнат завршен финансиски стадиум како резултат на SEFF, мерен според инсталираниот капацитет (MW) и количеството на произведена електрична енергија(MWh).
- Повеќе и подобро реализирани проекти за ЕЕ коишто ќе достигнат завршен финансиски стадиум како резултат на SEFF, мерен според количеството на заштедена енергија (kWh) на годишно ниво во однос на претходната референтна потрошувачка.