МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес10058
mod_vvisit_counterВчера2959
mod_vvisit_counterОвој месец52634
mod_vvisit_counterВкупно4734790

Денеска е: Окт 17, 2017
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Како да се штеди електрична енергија во домаќинствата?

alt

 

• За што служат налепниците за означување на електричните апарати во домаќинството?
Европската Унија во 2010 година донесе нова Директива за означување по пат на етикетирање и стандардни информации на производите, за потрошувачката на енергија и други ресурси за производите кои што влијаат врз потрошувачката на енергија (2010/30/EU). Причина за тоа е усогласувањето и хармонизацијата на националните мерки, во рамките на Унијата, во поглед на утврдување на минималните стандарди на доменот на енергетска ефикасност. Целта на налепниците е крајните купувачи на јасен и едноставен начин да бидат известени за ефикасноста на уредите како и при купувањето да се определат за енергетски поефикасни уреди. Ниеден уред за домаќинство не може да се продава на пазарот на Европската Унија без налепница за енергетски оддел, истакната на видливо место, и без техничка документација приложена со уредот за енергетската класа.

• Дали се кај нас налепниците задолжителни?
Согласно ЕУ Директивата (2010/30/EU) во Република Македонија донесен е новиот Правилник за означување на потрошувачката на енергија и другите ресурси за производите што користат енергија (Службен весник на Република Македонија бр. 154/2011).

• Кои електрични апарати задолжително треба да бидат означени?
Производи кои треба да бидат означени со етикети се:
-Разладни производи за домаќинство (електрични фрижидери, замрзнувачи и нивни комбинации)
-Телевизори
-Машини за миење садови
-Машини за перење алишта (машини за сушење алишта со барабан и комбинирани машини за перење и за сушење алишта)
-Електрични шпорети
-Клима уреди и
-Сијалици
Сите горенаведени апарати кои се пуштаат на пазарот треба да бидат означени со етикета, која ги содржи информациите утврдени со овој Правилник. Снабдувачите и дистрибутерите треба да обезбедат технички промотивен материјал, кој ги опишува специфичните технички параметри на производот.

new-eu-regulation-energy-efficiency-class-bars1• Како ни помага налепницата за означување на енергетскиот оддел?
Налепницата ни помага да направиме подобар избор при купување на апаратите за домаќинство, затоа што содржи информација за потрошувачката на енергија и квалитетот на работењето на апаратите. Буквите во ознаката од "А" до "Г" го покажуваат квалитетот на апаратите што се однесува до енергетските и останати карактеристики, и апаратот е поквалитетен колку ознаката му е поблиску до А. Апаратите со енергетски оддел "А", "А+", "А++" и "А+++" спаѓаат во најефикасни апарати. Дополнителната ознака "+" , "++" и "+++" означува дека апаратот има поголема енергетска ефикасност од оние кои се со категоријата "А".

• Што придонесува за повисока ефикасност на еден уред во однос со друг?
Разликите помеѓу уредите со различна ефикасност може да бидат значајни.Тие може да се јават како вградени мотори, пумпи, вентили, електронски сензори и др. Иако и два модели однадвор изгледаат слично, можна е голема разлика во потрошувачка, која е последица на нивната конструкциска разлика.

• Зашто би бил загрижен за енергетската ефикасност на уредите?
Постојат две причини. Прво, сметките за потрошена електрична енергија ќе бидат намалени ако се користат енергетски ефикасни уреди. Друго, намалена потрошувачка на енергија со себе повлекува намалено загадување, зачувување на околината и природните расурси. Како илустрација даваме податок дека за секој киловат-час произведена електрична енергија во нашите термоелектрани се троши околу 2 килограми лигнит.

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)