МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1327
mod_vvisit_counterВчера2666
mod_vvisit_counterОвој месец77301
mod_vvisit_counterВкупно4083845

Денеска е: Фев 27, 2017
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Обновливи извори на енергија

Законската рамка за обновливи извори на енергија во  Република Македонија, ја сочинуваат:

  • Закон за енергетика
  • Стратегија за развој на енергетиката
  • Стратегија за искористување на обновливи извори на енергија
  • Поттикнување на искористувањето на обновливи извори на енергија
  • Правилник за обновливи извори на енергија
  • Повластени тарифи


ХИДРОЕНЕРГИЈА

Хидроенергијата е најмногу експлоатиран обновлив извор на енергија во Република Македонија.

Просторот во Република Македонија, според конфигурацијата на теренот и климатските услови, е предодреден за искористување на проточните води од реките, преку изградба на брани и формирање на поголеми и помали акумулациии.

Со потенцијалните хидроцентрали во Република Македонија може да се покрие 10% до 20% од целата побарувачка на електрична енергија.

Со оглед на ограниченоста на природните ресурси во Република Македонија, искористувањето на хидропотенцијалот е од витално значење за развојот на електроенергетскиот сектор и  државата во целост.


Големи хидроелектрани во Република Македонија

Со исклучок на Козјак и Св. Петка, најголемиот број од големите ХЕ во Македонија се изградени во шеесетите и седумдесетите години од минатиот век, и после скоро четириесет годишна оперативна работа тие се ревитализирани.


Кандидати за изградба на големи хидроелектрани

Како кандидати за градба на големи ХЕ во Македонија се земени оние објекти за кои има техничка документација и хидролошки подлоги.

  Слив Pinst. Wgod Инвестиција Време на градба
    MW GWh mil € год.
Св. Петка * Треска 36 60    
Бошков мост Радика 68,2 117 70 4
Лук. Поле и ХЕ Ц.К.**  Маврово 5 163 45 4
Галиште Црна река 193,5 264 200 7
Чебрен ** Црна река 333 340/840 319 7
Градец Вардар 54,6 252 157 7
Велес Вардар 93,0 300 251 7
10 ХЕ Вар. Долина Вардар 176,8 784 486 7
ВКУПНО   960 2280/2780 1528  

 

ХЕ Слив Бр на агр. Qinst / агр. бруто  Vol

Pinst

 Wgod Влегување во ЕЕС
      (m3/s) (m) (106m3) (MW) GWh (година)
Врбен Маврово  2 4,6 193 0 12,8 45 1957 / 1973
Вруток Маврово  4 9 574 277 172,0 390 1959 / 1973
Равен Маврово  3 10,6 66 0 21,6 53 1959

Тиквеш

Црна река  4 36 100 272

116,0

184 1966 / 1981
Калиманци Брегалница  2 9     13,8 17 2006
Глобочица Црн дрим  2 27 110,9 228 42,0 213 1965
Шпиље Црн дрим  3 36 95 212 84,0 300 1969
Козјак* Треска  2 50 100 260 80,0 150 2004
Матка** Треска  2 20 28 1,1 9,6 40 2009
ВКУПНО           551,8 1392  

 

БИОМАСА:

Под поимот биомаса се подразбира било која биолошки разградлива органска материја, добиена од флората при трансформација на видливиот дел од спектарот на сончево зрачење со процесот на фотосинтеза, или од животински потекло.

Користењето на биомасата не влијае врз глобалното затоплување.

Биоенергијата може да биде одлична замена на фосилните горива. Со тоа се намалува количината на стакленички гасови кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина.

Биомасата може да се користи директно или индиректно, со нејзина трансформација во цврсто, течно или гасно гориво.

Биомасата обично е домашен производ, кој не зависи од движењето на цените на глобално ниво, а со тоа претставува независен начин на снабдување со енергија.

Според енергетскиот биланс, биомасата учествува со 6% од вкупната примарна енергија во Република Македонија, односно 9,5% од вкупната потрошувачка на енергија.

Најупотребуван ресурс од биомасата во Република Македонија е дрвото. Биомасата,  форма на дрво или јаглен речиси исклучиво се користи во домашниот сектор.

Република Македонија има голем потенцијал за искористување на биогасот од животинско ѓубриво за енергетски намени, како и производство на биогориво од растителни култури.


Биогорива

Првата фабрика за биодизел гориво во Република Македонија е отворена во 2007 година. Рафинеријата е во сопственост на приватната компанија Макпетрол и е со капацитет од 30 илјади тони годишно. За производство на биодизел горивото се користи нерафинирано масло од семе од маслодајна репка. Во оваа фаза нерафинираното масло се набавува од увоз.

Најавени се уште две нови фабрики за производство на биодизел гориво во Република Македонија, од кои таа на „Благој Ѓорев“ во Велес ќе врши екстракција на масло од сончоглед, репа и соја, а се планира да има вкупен капацитет на сировинска обработка од 20000 тони годишно и да произведува 13000 тони биодизел гориво.

Потрошувачката на биогорива до 2020 година е планирана на ниво од 10% од потрошувачката во сообраќајот 32, односно околу 48 - 56 ktoe/годишно што е на ниво на планираните капацитети за производство.

Овие количини на биогориво би замениле соодветни количини на потрошувачката на дизел и бензински горива во сообраќајот.

И покрај тоа што технологиите за добивање на биогориво од втора генерација се во развој (на висок степен од развој), треба и во Република Македонија да се создадат услови за нивна поскора примена.

Имено, од вкупната биомаса која што се создава на земјоделските полиња, 40% мора да се врати во почвата, 30% се користи за исхрана на животните или на фармите, а преостанатите 30% може да се користат за производство на биогорива.


ГЕОТЕРМАЛНА ЕНЕРГИЈА

Земјата е еден голем резервоар на топлинска енергија, но најголем дел од таа енергија е скриена длабоко во неа.

Ако се оди од површината кон центарот на Земјата, температурата се повеќе и повеќе се зголемува.

Геотермалната енергија на површината на Земјата се појавува со природните појави како што се: вулкани, гејзери, извори и бари на топла вода.

Геотермалната енергија, поточно топлата вода и пареа која излегува на површината, или се наоѓа во горните слоеви на земјината површина, може да се користи како извор на топлина за загревање на објекти, но исто така може да се користи и за производство на електрична енергија.

Изворите на геотермална вода со ниски температури најмногу се користат за загревање на индивидуални станови за живеење. Исто така, геотермалните извори со недоволни температури се  користат за лекување и рекреација.

Геотермалните води во Република Македонија се со недоволна температура, па поради таа причина не се користат за производство на електрична енергија.

Во моментов, постојат 18 познати геотермални полиња, со повеќе од 50 геотермални извори. Вкупниот одлив изнесува 1000l/sсо температура од  200C  -780C.

Според проценката на геотермалните ресурси во Р.Македонија производството на енергија од геотермална енергија изнесува околу 210GWh, а потенцијалот се проценува на околу 500 - 600GWh.


СОНЧЕВА ЕНЕРГИЈА

Енергијата од сончевото зрачење е најобилен, неисцрпен, бесплатен и обновлив изворн на енергија, која не ја загадува околината.

Интензитетот на сончевото зрачење на површината на Земјата, зависи од времетраењето на светење на Сонцето во текот на денот и аголот на сончеви зраци кон хоризонталната рамнина.

Сонцето дава два вида на енергија: светлосна и топлинска.

Уредите во кои се врши апсорбирање и трансформирање на сончевото зрачење во топлина, се нарекуваат сончеви колектори.

Сончевите колектори, во зависност од конструкцијата, може да се користат за добивање на топла вода за централно загревање, или за произвотство на електрична енергија.

Сончевите фотоволтажни ќелии се многу поволен начин за производство на електрична енергија, бидејќи не користат системи за ладење, а со тоа не произведуваат емисија и бука.

Во Република Македонија употребата на соларната енергија е ограничена на многу мал број системи за загревање на вода.

Според енергетскиот биланс, учеството на енергија произведена од сончева енергија, во вкупната потрошувачка на енергија изнесува 7,4GWh, односно 0,04%.

Во Р.Македонија постојат околу 16.000м2 инсталирана вкупна сончева површина за греење на вода. Сончевите колектори се користат во резиденционалниот сектор, хотели, кампови, домови и сл.

За жал, во Р.Македонија, сончевите колектори сеуште не се користат за производство на топла вода за употреба во индустријата.


Сончеви термални електрани

Кај овие електрани сончевата енергија сe користи за загревање на работниот флуид кој понатаму се користи во класична електрана за производство на електрична енергија. Постојат голем број различни решенија и различни технологии и конструкции на сончеви тармални електрани. Овој тип на електрани сè повеќе се користи во светот, пред сè во Шпанија (преку 200 MW во погон и преку 1 GW во фаза на изградба) и во САД (преку 400 MW во погон и близу 100 MW во фаза на изградба и преку 8 GW во фаза на планирање). Само неколку (3-4) се изградени надвор од овие две земји и неколку се во фаза на изградба.

АД ЕЛЕМ планира изработка на физибилити студија за проектот за сончева електрана со термална технологија со инсталирана моќност од 50 MW и годишно производство од 104 GWh. Доколку препораките на студијата се позитивни се предвидува објавување на тендер за барање на стратешки партнер за јавно приватно партнерство по што би следувала изградба на сончева електрана во периодот после 2020 година.


ВЕТЕРНА ЕНЕРГИЈА

Енергијата од ветерот може да се користи за добивање на механичка или електрична енергија.

Во зависност од сезоната на годината, настанува промена на брзината и насоката на ветерот, бидејќи енергијата од ветерот директно зависи од енергијата на сонцето.

Ветерната турбина претставува уред кој служи за трансформација на енергијата од ветерот во електрична енергија.

При изградба на ветерната турбина и поставувањето на ветерницата треба да се внимава на следните фактори:

  • Локацијата
  • Брзината на ветерот
  • Моќноста на ветерната турбина
  • Препреки во насока на движење на ветерот
  • Здравјето и сигурноста на луѓето
  • Влијанието на околината
  • Влијанието на животинскиот свет
  • Сигурност и заштита

Во Република Македонија енергијата од ветерот сеуште не се користи за производство на електрична енергија.

Во 2005 год. направен е прелиминарен атлас на ветрови, со кој се проценува потенцијалот на ветерот. Според овој атлас може да се одредат најповолните региони за изградба на ветерници.

Во текот на последните години има многу проекти и активности за мерење на брзината на ветерот на неколку локации и во тек се изработки на физибилити студии. 

alt
Мапа на најповолни локации за градба на ВЕ

alt
Податоци за најповолни локации за градба на ВЕ

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)