МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес961
mod_vvisit_counterВчера1701
mod_vvisit_counterОвој месец33567
mod_vvisit_counterВкупно1996491

Денеска е: Сеп 17, 2014
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Енергетска ефикасност

Енергетската ефикасност претставува користење на помалку енергија, без да се намали квалитетот на живеење.

Порастот на потрошувачката на енергија во Република Македонија во текот на последната деценија е два пати поголем. Причина за тоа е зголемувањето на индустриската активност, застарени технолошки средства и стара инфраструктура што драстично го забрзува неефикасното користење на енергијата.

Спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност ќе резултира со намалување на сметките за електрична енергија. Потоа заштедените средства може да се искористат за подобрување на стандардот на живеење и работење на работниците, потрошувачите и граѓаните.

Законската рамка за енергетска ефикасност во  Република Македонија, ја сочинуваат:

  • Закон за енергетика
  • Стратегија за развој на енергетиката
  • Стратегија за енергетска ефикасност

Како да започнете со имплементирање на енергетската ефикасност:

  • Кога ќе излезете од просторијата задолжително исклучете го светлото
  • Не ја држете предолго отворена вратата на ладилникот. Така трошите енергија и пари без потребно
  • Извадете ги апаратите од штекер кога не ги користите апаратите
  • Машините за перење на садови и алишта вклучете ги само кога се полни
  • Не го вклучувајте клима уредот кога не е потребно или кога не сте во  просторијата
  • Заменете ги обичните светилки со светилки кои штедат енергија
  • При купување на нови апарати секогаш треба да изберете апарат со највисока енергетска класа, А класа
  • Намалување на температурата за само еден степен, може да ја намали сметката за грееење и до 6%
  • Изгаснете го вашиот компјутер и монитор, кога тој не се користи. Спротивно на популарните верувања, нивното гасење и повторното палење нема да предизвика никаква штета
  • Купувањето на производи кои штедат енергија ви ги штедат воедно и вашите пари
  • Со редовното  чистење на  напластениот мразот од ладилникот и замрзнувачот  штедиме  електрична енергија и го продолжуваме векот на траењето на апаратите
  • “Обичните“ светилки само 5% од потрошената електрична енергија ја претвораат во светлина, а останатите 95% во топлина и не траат повеќе од 1000 часа
  • Во тек на денот тргнете ги завесите од прозорците, особено оние на јужната страна, како што повеќе енергија по природен пат би навлегла во домот
  • Ако повеќе пати на ден ги отворите ширум прозорите и го исклучите греењето, ќе заштедите повеќе енергија отколку да ви е прозорецот постојано отворен, а да греете со полн капацитет
  • Влези- вклучи
  • Излези- исклучи
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)