МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1540
mod_vvisit_counterВчера2655
mod_vvisit_counterОвој месец49152
mod_vvisit_counterВкупно5762017

Денеска е: Сеп 18, 2018
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Белград, Србија

На ден 27.01.2010 година остварено е службено патување во Белград, Република Србија. Претставниците на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, остварија средби со претставниците на Агенцијата за енергетика на Република Србија и со претставниците на Институтот за енергетика на Република Србија. На овие состаноци директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, Г-дин Лазар Гечевски, и претседателот на Управниот Одбор на АЕРМ, Г-дин Бојан Захариев, разменија искуства и информации за прашања од областа на енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија со претставниците од Република Србија.

   

Љубљана, Словенија

На ден 21.01.2010 година остварено е службено патување во Љубљана, Република Словенија. Директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, во Љубљана оствари  средба со потенцијални инвеститори од Република Словенија, со кои е разговарано за процедурата за предностите и придобивките од инвестирањето во Република Македонија за обновливи извори  на енергија и енергетска ефикасност, како и процедурата за инвестирање и законската регулатива во Република Македонија.

   

Прага, Чешка

На ден 06.01.2010 година остварено е службено патување во Прага, Република Чешка. Директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, Г-дин  Лазар Гечевски, во Прага оствари средба со потенцијални инвеститори од Република Чешка, со кои е разговарано за предностите и придобивките од инвестирањето во Република Македонија за обновливи извори  на енергија и енергетска ефикасност. Воедно била претставена и процедурата за инвестирање како и Законот за енергетика во Република Македонија.

   

Страница 49 од 49

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)