Мултимедија

Questionnaire

Questionnaire about Energy Agency QoS

Attendance

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterToday5520
mod_vvisit_counterYesterday7465
mod_vvisit_counterThis Month84238
mod_vvisit_counterTotal3437850

This day: May 26, 2016

Промена на адреса на Агенција за енергетика

Се известуваат сите заинтересирани правни лица и поединци дека 

Агенцијата за енергетика на Република Македонија 

се пресели во нови простории на адреса 

Јуриј Гагарин 15,

1000  Скопје

на трети кат во зградата на Министерството за економија (на аголот со ул.Рузвелтова).

За телефонски контакт во наредните неколку дена достапни се постоечките мобилни телефонски броеви на вработените во АЕРМ, како и е-маил адресата This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .

Скопје 29.03.2016

   

Кисела Вода, Кавадарци, Гевгелија, Лозово, Росоман, Брвеница, Пехчево и Новаци се избраните општини од Компонента Б од проектот “Македонија – Промовирање на енергетска ефикасност во општините“

IMG_8683IMG_8685На ден 12.06.2015 година, во просториите на Агенција за енергетика на Република Македонија се одржа состанок на кој присуствуваа градоначалниците на општините Кисела Вода, Брвеница и Пехчево, претставници од општините Лозово и Росоман , директорот на Агенцијата за енергетика, г-динот Александар Дуковски, како и претставници од Агенцијата за енергетика и Консалтинг компанијата Econoler.  Главен акцент на состанокот беше ставен на идните актовности и задачи  поврзани со компонентата Б од Проектот.

   

Старо Нагоричане и Радовиш се општините од Компонента А кои аплицираа за за Поддршка во Развојот на Програма за Енергетска Ефикасност и Акциски План

staro_nagoricaneradovisНа ден 07.05.2015 година, во просториите на Агенција за енергетика на Република Македонија се одржа состанок на кој присуствуваа градоначалникот на општина Старо Нагоричане, г-динот Милован Стојковски,  градоначаникот на општина Радовиш, г-динот Сашко Николов, директорот на Агенција за енергетика, г-динот Александар Дуковски, како и претствници од Агенција за енергетика и Консалтинг компанијата Econoler.  

Во согласност со Повикот за проектни апликации наменет за општините на Република Македонија за аплицирање за поддршка во развојот на Програма за енергетска ефикаснот и Акционен план, како дел од проектот “Македонија – Промовирање на енергетска ефикасност во општините, консултантски услуги за техничка поддршка за планирање на енергетска ефикасност и пилот проекти” спонзориран од Светска Банка и нејзината Програма за Помош на Управување во Енергетскиот Сектор (ESMAP) за Компопнента А интерес за учество изразија вкупно 27 општини. Врз основа на критериумот 2 од  Повикот за проектни апликации наменет за општините на Република Македонија за аплицирање за поддршка во развојот на Програма за енергетска ефикаснот и Акционен план, во Компонента А беа општините кои сеуште немаат доставено Програма за енергетска ефикасност и/или Акциски План за 2012-2015 до Агенцијата за енергетика, или нема добиено позитивно мислење од Агенцијата за енергетика.

   

Одбележан 5 Март - Светски ден на енергетска ефикасност

12
По повод 5 Март - Светскиот ден на енергетска ефикасност на покана од ЈУДГ ,,Буба Мара,, претставници од  Агенција за Енергетика на Република Македонија одржаа работилница под наслов ,,Штедете енергија за подобро утре,,.

Со цел воведување на најмладите генерации во темата, децата заедно со нивните родители изработија хамери, во функција на штедење на електрична енергија преку приказ на економични (штедливи) светилки, како и добивање на енергија со користење на обновливи извори на енергија.

Следствено, Агенција за Енергетика на Рeпублика Македонија на ден 11.03.2015 во кафе шоп Concept37 организира промоција на ревијална изложба на изработките.

   

Page 1 of 49

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)