Frontpage Slideshow | Copyright © 2006-2011 JoomlaWorks Ltd.

МЕНИ

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1715
mod_vvisit_counterВчера1724
mod_vvisit_counterОвој месец32383
mod_vvisit_counterВкупно519307

Денеска е: Мај 19, 2012
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Заинтересирани инвеститори за ОИЕ и ЕЕ

250px-Regions_of_Macedonia-mk.svgВо месец Април, во Република Македонија пристигнаа инвеститори заинтересирани за започнување проекти од областа на обновливи извори на енергија. Инвеститорите заедно со претставници од Агенцијата за енергетика ги посетија Јужниот, Југо-западниот и Вардарскиот регион на Република Македонија за да извршат сондација на места каде би можеле да бидат поставени фотоволтаици и ветерни паркови.

Поголемиот број од инвеститорите кои покажаа интерес за инвестирање во ОИЕ и ЕЕ се од Италија, Словенија, Австрија, Германија, Бугарија, Србија и Шпанија. 

   

Скопски маратон 2012

slikaРекорд во масовноста беше постигнат на годинашниот  Скопски маратон на кој учествуваа вкупно 3.500 учесници. На победничкиот пиедестал повторно доминираа кенијските тркачи. Првото место кај мажите го освои Патрик Мичеми Вамбугу од Кенија, а кај жените неговата сонародничка Сесилија Вангуи Варатумо.

Македонското државно првенство го освои Трпе Мартиновски. Заради топлото време и високите температури, Олимписката норма не беше исполнета, а исто така и рекордот на патеката не беше срушен.

   

Состанок на Агенцијата за енергетика со Градоначалниците од Полошкиот регион

470px-Map_of_the_municipalities_of_the_Polog_Statistical_Region.svgАгенцијата за енергетика присуствуваше на состанокот на градоначалниците од Полошкиот регион, кој ги опфаќа општините Боговиње, Брвеница, Врапчиште,Гостивар, Желино, Јегуновце, Маврово и Ростуше, Теарце и Тетово.

На состанокот свое обраќање имаше директорот на Агенцијата за енергетика, г-дин Гечевски Лазар каде беше истакното потребата за поголема заедничка соработка во сите сфери од енергетиката, но посебно се задржа на делот на изработката на тригодишните програми за енергетска ефикасност што претставува законска обврска за сите општини во Република Македонија.
   

Постигнување на социјална и економска одржливост преку енергетската ефикасност на централно и локално ниво

3Само со штедење на онаа енергија што ја имаме и со изнаоѓање на нови алтарнативни извори ќе се дојде до одржлив социо економски равој со што ќе бидеме и конкурентни. За енергетската ефикасност се дискутираше на регионална конференција што се одржа во Скопје.

Потребна е заштеда на енергија и рационална употреба на она што го поседуваме, е еден од заклучоците на регионална конференција „Постигнување на социјална и економска одржливост преку енергетската ефикасност на централно и локално ниво“, што се одржа на 20.03.2012, хотел Континентал во Скопје.
   

Страница 1 од 17

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)